ESPORTS.MK

Најава за Првата Македонска Еспорт Лига

Најава за Првата Македонска Еспорт Лига
март 08
12:43 2022

Македонската Еспорт Федерација го најави почетокот на новата сезона од Првата Македонска Еспорт Лига, која ќе се одржи со почеток во Април и ќе трае се до Јуни.

Македонските еспортисти ќе се натпреваруваат во 4 категории. Тоа се:

  • CS:GO
  • Dota 2
  • Tekken 7
  • eFootball 2022

Натпреварувањата ќе се одржат во 3 фази и тоа:

  • Отворени квалификации
  • регуларен дел
  • плеј-оф за CS:GO и Dota 2

А за eFootball 2022 и Tekken 7 ќе остане форматот од минатата година односно Single-Elimination каде што ќе има нешто ново и интересно.

Информации за пријава за учество на ПМЕЛ2022 ќе има наскоро на социјалните мрежи од Македонската Еспорт Федерација и ESPORTS.MK.

Победниците на националните лиги го добиваат ексклузивното право да ја претставуваат нашата држава на Регионалните, Европските и Светските шампионати.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ