ESPORTS.MK

Наградниот фонд на TI 10 надмина 40.000.000 USD

Наградниот фонд на TI 10 надмина 40.000.000 USD
октомври 10
16:32 2020

The Internacional 10 со најголем награден фонд во еспорт во историјата!

The Internacional уште еднаш го надмина сопствениот рекорд како најпрофитабилен турнир во еспорт во историјата. Турнирот го надмина минатогодишниот награден фонд од 34.396.000 американски долари пред нешто повеќе од еден месец на крајот на Август, а на последниот ден од Battlepass, најде начин да надмине и 40.000.000 американски долари.

Годинешниот награден фонд сега е далеку најголем награден фонд во еспортот со повеќе од шест милиони долари.

Изненадувачки е растот на наградниот фонд, со оглед на тоа што турнирот нема ни да се одигра годинава. Valve беше принуден да го одложи турнирот на неодредено време уште во Април, поради глобалната пандемија, која сеуште е главен фокус во светот. Во Август 2020 година, Valve твитна за тоа како сè уште не се во можност да постават нов датум за TI 10, но она што го знаеме е дека настанот сепак ќе се одржи во Стокхолм, Шведска следната година.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK