ESPORTS.MK

На игрите им требаат повеќе улоги за луѓето со попречености

На игрите им требаат повеќе улоги за луѓето со попречености
февруари 22
16:31 2021

За многу играчи со попреченост, може да постои одреден степен на вина доколку одберат неостижна класа или улога за игра, а со тоа да го сопнуваат и да го успоруваат тимот. Подолу ќе прочитате како овие луѓе навигираат низ гејмингот и како се условени да играат тоа што можат, а не тоа што секаат во игрите. Следува текст од човек кој има попречен вид.

Прекрасен ден во Ilios, минус непречените престрелки и истрели од огнено оружје. Две групи на борци се обидуваат да обезбедат една точка близу морето. Штитовите се поставени, луѓето се хилаат и секако оружјата празнат. Хаотични бои ме обиколуваат додека неколку црвени имиња ме имаа притиснато раб на зграда. Вообичаено играм Mercy, но овој пат се убедив себе си дека оружјето на Mei можеби подобро ќе заврши работа. Умрев повторно, фрлен од работ од Lucio. Барем падот ми дава време да размислам за мојата грешка и да се се потсетам зошто си се држам до мојата улога.

Јас сум законски слеп, а тоа значи дека мојот вид сеуште е лош по бројните обиди за корекција. Јас не можам законски да возам, да работам со тешка машинерија, да се придружам на војската или да гледам детали на работите што се пред мене. Користам лупи и слични помошни технологии додека сум на компјутер, мобилен или додека читам. Моето слепило никогаш не ја намалила мојата желба да играм игри, има голем удел во решавањето за тоа кои игри ќе ги вклучам, па дури и улогата која ќе ја имам и играм во нив. Сакал да признаам или не, мојата пореченост ме спречува да уживам во гејмингот на начин кој што сакам.

Многу од игрите нудат карактери со разни способности и им дозволуваат на играчите да си ги дизајнираат своите херои. Некои од нив имаат веќе готови шаблони на кои им треба мало штелување за да одоговараат на нашиот стил на играње. Овие опции звучат одлично, особено ако ништо не го спречува играчот да уживаат во понудената улога. Имате доста опции како да бидете тенк, да лечите или да бидете тепач, но има и некои мастер способности како што се возење, борба во затворен простор, препукувања на отворено како и мини игри за хакнување. Моето искуство, како еден од милионите Американци кои исто така се законски слепи, ваквите способности и улоги најчесто не се возможни.

Јас уживам во Overwatch бидејќи е лесна игра да се почне и заврши измеѓу извршување на други работи. Никогаш не сум се почувствувал лошо ако направам пауза од неколку месеци, бидејќи контролите и механизмите веднаш се враќаат назад штом почне првата рунда. За жал, тешко се возбудуваме на нови карактери, освен ако не се пишани за улогата support. Mercy е најлесниот карактер за мене за да играм бидејќи нејзините лечења автоматски го лечат најранетиот во моја близина и научив како да ги користам повеќето од нејзините способности без да имам потреба да го гледам многу противникот. Противниците можат да бидат скрени и далеку, на пример да чекаат со снајпер или некоја способност да им се обнови, а јас тој период го користам да се фокусирам на сините имиња, на луѓето кои имаат потреба од мене. Речиси секое копче што го притискам на тастатуратата, постигнува нешто.

Алтернативата е да играм карактер чива задача е да нанесува штета. Повеќето се предизвик за мене бидејќи имаат потреба од висока прецизност кога се нишани и треба да можете да ги следите вашите противници. Некои карактери со поголеми пушки можат да прскаат куршуми, или карактери кои имаат оружја што не бараат толкава прецизност, повторно бараат од мене да се втурнам во акцијата повеќе и да ги забалежувам сите надојдувачки напади. Се обидов да тенкам некое време, најчесто тоа го правам со Winston. Неговиот Tesla Cannon создава конус од електрицитет и автоматски ги нишани и напаѓа сите непријатели кој му се доволно блиску, а неговата бариера создава штит околу него немасто само во еден правец. Ова можеби делува идеално, но со прифаќањето на оваа улога вие треба да се нафатите да следите каде се сите непријатели во дадено време, но и вашите играчи од тимот, а во некои од модовите на играта треба да знаете каде се останатите точки на внимание. Јас можам да ги правам сите овие работи, но тоа е огромен предизвик, а најголемите грешки се случуваат секогаш кога ќе пропуштам да видам нешто.

Но, сево ова е само играње со разни играчи од серверите. Во GTA Online имам посветена екипа. Малку успоривме со играње од кога излезе новиот контент, но за брзо време се вративме во игра, особено со heist мисиите. Никогаш не сум лидер во овие мисии и доста ретко сум главниот пушкаџија. Сето тоа е ОК. Јас најчесто сум тука за да довршам што останало, за детонирања на бомби или како возачот при бегство на мисијата. Не можам да изведам одредени кации како што се мини игрите со хакнување и останати потешки работи што бараат добра меморија.

За среќа, луѓето со кои што играм се свесни за мојата ситуација и помагаат со планирање и добро осмислување на наштите планови на егзекуција на мисиите. Благодарен сум што ниту еден од нив никогаш не ме сметал за „сидро“ на тимот или пак да требале да ми прават „carry“ (да ме носат) во мисиите или пак да речат дека мисијата не може да се заврши се додека јас сум дел од тимот. Да, можеби треба да седам во позадината на тимот, можеби никогаш нема да сум фронтменот, но си ја завршувам работата и си го заработувам мојот дел.

Другата игра што ја играм во голема група е World of Warcraft. Порано бев во група што рајдаше и повторно таму се почувствав како дел од тимот. Слично на Overwatch, моите способности да тенкам и да правам штета се хендикепирани со тоа што не можам да забележам разни мети, непријатели што бегаат, да избегнувам замки и да не стојам во тие зелени кругови за кои сите се шегуваат дека даваат подобрување на твојот карактер. Секогаш играм лекувач, најчесто paladin или druid за да можам да се фокусирам на мојот HealBot адон. Не сум најдобриот лекувач, но тоа е единствената улога која можам да ја играм. Со мојот mage или hunter знам да изведам некои ОК бројки во поглед на штета, но секогаш пропуштам нешто или трапнувам/полиморфнувам погрешна мета. Ако одберам друга улога рајдот е послаб, а не сакам да сум пречка на другите луѓе. За многуте луѓе кои страдаат од некаква попреченост, постои шанса да чувствуаат грижа на совест и вина доколку изберат класа која е недостапна за нив, а со тоа да го „укотват“ цел тим.

Исто така уживам и во Borderlands серијалот, но треба да внимавам да изберам карактер кој специјалниот напад автоматски ги нишани непријателите во мојата близина. Можам да се справам со Mordecai и неговата птица миленик, Bloodwing. Кога излезе Borderlands 2 сакав да настапам малку храбро и да го играм Salvador, The Gunzerker, но за скоро морав да почнам одново со Axton и неговиот автоматизиран топ од кога сфатив дека специјалниот напад на претходниот карактер за мене е бескорисен од далеку или кога се борам против поголеми групи на непријатели. Од неодамна, Cyberpunk ме натера да играм повеќе карактери кои се играат од блиску и беше доста интересно, особено кога имаше Netrunners против кои се борам кои знаат да ја користат способноста Overheat од далеку. Сето ова беше добро, но имав големи потешкотии да дојдам до оружје за од блиску на почетокот, па затоа повторно сменив карактер и за брзо изгубив интерес во играта.

Навистина е мачно да мора да се изучува секоја игра и нејзините класи пред да се купи, не дека сакам да сум најдобриот, туку да можам да играм без фрустрации. Ова е реалноста за многу гејмери, бидејќи дури 20% од нив се луѓе со некаков вид на попреченост. Некогаш ги користам моите талент поени за повеќе енергија или стамина за да избегнам купување на способност кои можеби нема добро да функционираат со мојот вид и најчесто чекам на нови игри или разговарам со некои кои веќе играле и да ми кажат каква е играта знаејќи ја мојата ситуација.

Развивањето на игри е тешко, особено кога се дизајнираат повеќе класи или каде што има разни опции за игра и loudout на карактерите. Изнаоѓање на начини кои го олеснуваат ова треба да е приоритет за секој програмер и за индустријата воопшто. Сосема е оправдан напорот ако помага на играчи како мене да имаат повеќе слобода и да ја имаат способноста да изберат тип на херој со кој навистина ќе сакаат да играат.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK