ESPORTS.MK

MSI 2021 ќе се одржи во Рејкјавик, Исланд во Мај

MSI 2021 ќе се одржи во Рејкјавик, Исланд во Мај
март 01
22:06 2021

По откажувањето на MSI минатата година, Riot конечно го потврди неговото враќање во 2021 година.

League of Legends’ Mid-Season Invitational треба да се игра оваа година, соопштија денес Riot Games.  Според информацијата што излезе во јавноста, Riot официјално потврди дека MSI ќе се одржи повторно откако минатогодишниот настан беше откажан поради пандемијата COVID-19.

MSI 2021 ќе се одржи во Рејкјавик, Исланд од 6 до 23 мај. Турнирот ќе се одржи во затворената спортска арена Laugardalshöll. Ова е првпат Riot да ги донесе своите натпреварувања во еспортот во Исланд.

Ние сме воодушевени што можеме да ја прикажеме на високо ниво конкуренцијата на натпреварувања на Riot games во еспортот во земја толку зачудувачка и уникатна како Исланд, истакнувајќи дека страста кон нашиот еспорт може да се најде на секој агол на земјината топка, рече John Needham, глобалиот шеф на еспорт во Riot.

Дополнително, Riot објави продолжување на партнерството со Verizon. Ова партнерство веќе беше присутно во LCS, обезбедувајќи поддршка за NA лигата преку оригинална видео содржина и спонзорирани сегменти во емитување.

Оваа поддршка сега ќе се прошири на најголемите глобални настани за LoL и VALORANT, со тоа што Verizon станува “официјален партнер за 5G” на Riot. Ова го вклучува Светскиот шампионат на LoL, што го прави своето враќање во Северна Америка во 2022 годинанастанот All star и три VALORANT Champions Tour Masters events, VALORANT Champions, и VALORANT North America Challengers.

MSI е годишен турнир што ги спротивставува шампионите на Пролетниот Сплит од спротиставените региони на пример како LCS и LEC за да го пронајдат најдобриот mid-season team на глобално ниво. MSI е исто така еден од најголемите настани на годишниот календар за League esports.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK