ESPORTS.MK

MSI 2021: Cloud9 остана без место во плејофот

MSI 2021: Cloud9 остана без место во плејофот
мај 20
20:49 2021

Со натпреварите од деветтото и десеттото коло заврши rumble фазата на Mid-Season Invitational 2021 година. Америка и Австралија останаа без претставници во плејофот во кој RNG ќе се сретне со PSG Talon, додека актуелниот светски шампион DWG KIA ќе игра против MAD Lions.

Cloud9 направи голем успех на четвртиот натпреварувачки ден кога го совладаа Royal Never Give Up, но по поразот од тимот од долниот дел на табелата, поточно од австралискиот тим Pentanet.GG, C9 дојде до точка да зависи од резултатите од преостанатите натпревари.

Тие мораа да ги совладаат двата главни ривали PSG Talon и MAD Lions на последниот ден од натпреварувањето, но загубија од PSG Talon, што ги остави без теоретска шанса да одат понатаму бидејќи MAD Lions успеаја да го совладаат RNG и да го заверат четвртото место.

Натпреварот помеѓу RNG и MAD Lions исто така ја реши борбата за првото место на табелата што му припадна на корејскиот претставник, а на последниот натпревар од групната фаза на турнирот Cloud9 што го доби против MAD Lions, беше само утешна победа бидејќи американските навивачи беа целосно разочарани од учинокот на нивниот претставник кој ја заврши rumble фаза со само три победи.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK