ESPORTS.MK

Мид лејнерот на шампионот на EBL потпиша за SK Prime

Мид лејнерот на шампионот на EBL потпиша за SK Prime
мај 27
20:11 2021

Mihail “twohoyrz” Petkov е официјално новиот мид лејнер на академијата на LEC тимот SK Gaming, за која следната сезона ќе игра во германската LoL лига.

Бугарскиот мид лејнер, кој навивачите претходно го паметат како Shripela, ја одигра можеби најдобрата сезона во кариерата во дресот на SuppUp SHAIM SE, која ја круниса со EBL титула, а потоа и со топ 8 финиш на EU Masters.

Овој искусен играч кој ја започна својата кариера во тимот GPlay.bg, а потоа играше за KlikTech, X25, WarKidZ E-Sports, Random 5 и Split Raiders, ќе го замени германскиот Dirk „ZaZee“ Mallner.

Групата фаза на пролетниот шампионат од PRM-лигата SK Prime ја заврши на четвртото место со резултат 10-8, но тие беа елиминирани на стартот од плејофот каде беа поразени од Schalke 04 Evolution.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ