ESPORTS.MK

Македонската Еспорт Федерација стана член на Олимпискиот комитет на Северна Македонија

Македонската Еспорт Федерација стана член на Олимпискиот комитет на Северна Македонија
март 12
18:23 2021

Како што пишува во официјалното соопштение на Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ) е официјална членка на Олимпискиот комитет на Северна Македонија (ОКСМ).

Во соопштението се вели дека според документот од ОКСМ со број 03-26/1, МЕСФ станува дел од семејството на федерации и асоцијации што се дел и го сочинуваат ОКСМ.

После 12 години постоење на Македонската Еспорт Федерација, ова е голем чекор кон конечната официјализација на еспортот. Голема благодарност до Олимпискиот Комитет на Северна Македонија за укажаната доверба. Ние како Федерација многу ќе научиме од Олимпискиот Комитет во поглед на имплементација на олимписките вредности и повелбата на Олимписките Игри.

Следејќи ги светските трендови за официјаизација на еспортот, МЕСФ е првата Еспорт Федерација во регионот која е членка на Олимписки Комитет. Со тоа, уште еднаш ја потврдуваме нашата позиција на меѓународно ниво. Полноправна членка сме на единствената официјална меѓународна еспорт федерација, МЕФ, од 2013 година и на Европската Еспорт Федерација од 2020 година.

Глобално, еспортот е признат во повеќе од 50 држави и се надеваме дека наскоро и ние ќе бидеме дел од тоа екслузивно семејство. Продолжуваме понатаму со нашите активности на национално и меѓународно ниво, следејќи ги сите официјални прописи и процедури. Огромна благодарност и до сите волонтери на МЕСФ, без кои немаше да бидеме успешни во нашите активности!

– Изјавува претседателот на Македонската Еспорт Федерација, Бобан Тотовски.

Ова е уште едно признание дека еспортот е релевантен фактор во нашето општество, особено кај помладата популација, и е чекор поблиску до негово официјализирање.

За негово конечно официјализирање треба да се има потврда од Агенција за млади и спорт, а со ваквиот тренд на политики, тоа се очекува да е барем во првата половина на 2021 година.

Честитки до МЕСФ од тимот на ESPORTS.MK и им посакуваме уште многу вакви успеси што ќе овозможат на нашата еспорт популација полн пристап до сите регионални и интернационални натпреварувања како и огромни шанси на еспорт атлетите да го дадат својот максимум и да заработуваат и да имаат останати привилегии како професионални еспорт играчи.

Извор: MESF.MK

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK