ESPORTS.MK

Македонска Еспорт Федерација потпиша меморандум за соработка со Кошаркарска Федерација на Северна Македонија

Македонска Еспорт Федерација потпиша меморандум за соработка со Кошаркарска Федерација на Северна Македонија
април 03
14:39 2021

Двете федерации се договорија заеднички да организираат националните квалификации и натпревари во дигиталната верзија на кошарка и промовирање на одговорен, одржлив, и здрав развој на еспортот.

Ние како федерација ги следиме сите европски и светски трендови поврзани со уште поголема популаризација на кошаркарскиот спорт. Согласно со тоа и реализирањето на идејата за отпочнување на Еспорт-лига во кошарка преку која како федерација ќе се приклучиме на активностите кои се веќе имплементирани од страна на Светската кошаркарска федерацијаФИБА. За прв пат кај нас се воведуваат некои нови стандарди, и овој заеднички меморандум е чекор кон уште поголема популарност на кошарката во нашата земја. Заедно да го развиваме и овој сегмент од општественото живеење

– Изјави Владимир Георгиевски, генералниот секретар на Кошаркарска Федерација на Северна Македонија.

Овој меморандум за соработка е уште еден чекор кон официјализација на еспортот кај нас. Покрај промоција на еспорт и здрав гејминг, МЕСФ ќе се посвети и на креирање на здрави навики кај младата популација, зголемена физичка активност и структурно учество на официјални натпревари

– Изјави Бобан Тотовски, претседателот на МЕСФ.

Минатите пет години, редовно се одржува Првата Македонска Еспорт Лига, а од оваа година ќе започне со организирање на натпревари и во НБА21К.

Превземено од: MESF.MK

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK