
Македонската Еспорт Федерација ни го соопшти почетокот на шестата сезона од Првата Македонска Еспорт Лига.
Во соопштението е најавено дека почнувајќи од 5. јуни па се до 5. јули ќе има вистинско еспорт возбудување каде што нашите најдобри клубови ќе се натпреваруваат за тоа кој да ја претставува нашата држава на следното Европско и Светско Првенство.
Оваа година лигата ќе биде одиграна онлајн, а насловите кои ќе ја сочинуваат се: Counter Strike: Global Offensive, DOTA 2, PES 2021 и Tekken 7.
Во лигата учествo ќе земат клубовите членки на Македонската Еспорт Федерација, а во наредниот период ќе биде објавено за можните квалификации и нивните услови за лигите како и останатите детали поврзани со истите.
ESPORTS.MK покрај медиумски партнер оваа година ќе биде и реализатор на официјалните македонски еспорт лиги. Нашата екипа е спремна, дали сте и вие?