
Меѓународната Еспорт Федерација (МЕФ) ги објави датумите за нивните регионални турнири за 12тото Светско Првентсво што ќе се одржи во Елиат, Израел.
Регионалните турнири ќе бидат одржани онлајн и тоа од 20ти Октомври па се до 20ти Ноември 2020 година. Финалистите од сите региони ќе имаат шанса да се борат на завршниот офлајн турнир во Елиат, Израел.
Сите турнири ќе бидат пренесувани на официјалните канали од МЕФ. Времето за мечевите ќе биде објавено наскоро на социјалните мрежи и на страницата од Светското Првенство.
Светското Првенство е водечко натпреварување на МЕФ, каде што играчите од различни страни на светот учестуваат на еден уникатен и диманичен турнир претставувајќи го нивното знаме и држава. Овој настан е еден од најголемите еспорт настани со учество на национални тимови за оваа година, а годинашното издание се очекува да биде најголемо до сега со највено учество на приближно 60 држави.
Домаќини на настанот оваа година се Израелската Еспорт Асоцијација и Светската унија на Макаби, кои соработуваат со Меѓународната Еспорт Федерација и градот Елиат за организирање на овој настан.
Им посакуваме среќа на нашите претставници, Team MOB (Dota 2), Стефан Глигоров (Tekken) и Иван Иванов (PES2020) во регионалните квалификации.
Во продолжение ги имате датумите за регионалните квалификации.
DOTA 2
Регион | Датуми | Слотови на Светското Првенство |
Europe | 21-22 Ноември 2020 | 3 |
South Asia | 19 Ноември 2020 | 1 |
Southeast Asia | 9-10 Ноември 2020 | 1 |
East Asia | 11-12 Ноември 2020 | 1 |
CIS | 14-18 Ноември 2020 | 1 |
South America | 23 Октомври 2020 | 1 |
North & Central America | 21 Октомври 2020 | 1 |
Southern Africa | 26 Октомври 2020 | 1 |
EFOOTBALL PES
Регион | Датуми | Слотови на Светското Првенство |
Europe | 07 Ноември 2020 | 7 |
South Asia | 28 Октомври 2020 | 1 |
Southeast Asia | 27 Октомври 2020 | 1 |
East Asia | 29 Октомври 2020 | 2 |
MENA & Cent. Asia | 02 Ноември 2020 | 1 |
South America | 31 Октомври 2020 | 1 |
North America | 22 Октомври 2020 | 1 |
Central America | 20 Ноември 2020 | 1 |
Southern Africa | 25 Октомври 2020 | 1 |
TEKKEN
Регион | Датуми | Слотови на Светското Првенство |
Europe | 30 Октомври 2020 | 6 |
South Asia | 06 Ноември 2020 | 1 |
Southeast Asia | 04 Ноември 2020 | 1 |
East Asia | 05 Ноември 2020 | 2 |
MENA & Cent. Asia | 03 Ноември 2020 | 1 |
South America | 01 Ноември 2020 | 1 |
North America | 20 Октомври 2020 | 1 |
Central America | 08 Ноември 2020 | 2 |
Southern Africa | 25 Октомври 2020 | 1 |
© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.
Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.