ESPORTS.MK

Македонската еспорт репрезентација комплетирана за Светското Првенство

Македонската еспорт репрезентација комплетирана за Светското Првенство
октомври 07
01:04 2020

Македонската еспорт репрезентација ќе се натпреварува со 60 други држави на Светското Првенство. Оваа година, поради пандемијата, ќе се одржува онлајн, а ќе започне на 31-ви октомври 2020 година.

Минатата недела се одигра првиот квалификациски турнир во Tekken, во организација на Македонската Еспорт Федерација. Поради состојбата со КОВИД-19, турнирот беше лимитиран на 16 учесници и без посетители. Стефан Глигоров од Скопје беше победник на натпреварите, кои се одржаа во два дена и кои постојано беа пренесувани во живо на MESF_TV каналот на Twitch.

Во Еспорт клубот Арена, специјални гости беа тренерите од Крапап Крав Мага, позната Израелска боречка вештина. Нашите дигитални борачи во живо се запознаа со некои од основните техники на оваа вештина, како дел од активностите на МЕСФ за промоција на одговорен и здрав гејминг.

Македноската еспорт репрезентација сега е комплетна и ќе се натпреварува во Dota 2, Tekken и Pro Evolution Soccer 2020.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK