ESPORTS.MK

Македонија во полуфинале. Словачка победена со 2-0

Македонија во полуфинале. Словачка победена со 2-0
мај 31
21:47 2020

Заврши четвртна финалето од Европскиот Куп на Нации каде Македонија играше со Словачка и остваривме тотална победа врз нивната репрезентација.

Гледачите можеа да гледаат одлични игри и тактики од нашиот тим кои што речиси без некои поголеми потешкотии, како добро подмачкана машина, ги победуваа рундите во овие мечеви. Првиот меч заврши со резултат од 16-6, додека вториот меч заврши нешто слично односно со 16-7 за нашите дечки. MVP на овие игри е Hev1x кој што успеа да направи една пента и седум тројни убиства во текот на овие две мапи.

Останува да видиме како ќе се одвива полуфиналниот меч со Белгија што не чека за седум дена, повеќе од доволно време репрезентацијата да се подготви за тие рунди.

GGWP, Belgium next!

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK