ESPORTS.MK

Македонија има претставник во ИЕСФ

Македонија има претставник во ИЕСФ
декември 17
17:54 2019

Интернационалната Еспорт Федерација (ИЕСФ) ги избра своите нови членови на својот Генерален состанок за период од три години односно од 2019 до 2022 година.

Бордот се состои од шест члена, секој од различна нација и претставени се вкупно четири континенти.

Интернационалната Еспорт Федерација, непрофитна организација со потекло од Ј. Кореа, е основана во 2008 година. Ја сочинуваат 56 земји членки, а Макаo е последната членка што се придружи на ИЕСФ.

  • Colin Webster, Претседател (Јужна Африка)
  • Vlad Marinescu, Заменик претседател (САД)
  • Boban Totovski, Борд (Македонија)
  • His Highness Sheikh Sultan bin Khalifah Al-Nahayan, Борд (ОАЕ)
  • Young Man Kim, Борд (Јужна Кореа)
  • Ido Brosh, Борд (Израел)

Овој тригодишен состав е од особено значење за Македонија бидејќи имаме наш претставник, претседателот на МЕСФ, Бобан Тотовски, кој ќе се погрижи гласот на Македонија, но и на Балканот и Европа да се слушне до Азија се со цел да се подобрат локалните како и европските услови на еспортот.

This year’s board are full of leaders in their own right with a proven track record. His Highness Sheikh Sultan bin Khalifah Al-Nahayan, Young Man Kim and Vlad Marinescu have in sports and specifically esports administration, вели Претседателот на ИЕСФ, Colin Webster.

We are extremely grateful to have His Highness Sheikh Sultan, who is already into his fifth term as a President of an Asian Sports federation. Vlad, former Director General of GAISF (formerly known as SportAccord) and the father of esports, Mr. Young Man Kim provides both wisdom and insight that adds immeasurable value, додава тој.

Нема сомнеж дека новиот состав на бордот ја ужива сета поддршка на сите свои членови, а тие веќе се впуштија во нови, динамични пристапи преку кои еспортот ќе се доближи до комјунитито.

ИЕСФ преку своите избори демонстрира и покажува на светот дека е единственото тело што навистина го претставува еспортот (атлети, организации и објавувачки куќи) преку своите демократски структури.

Извор: mesf.mk

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK