ESPORTS.MK

Македонија е Светски Шампион во Counter-Strike: Global Offensive!

Македонија е Светски Шампион во Counter-Strike: Global Offensive!
ноември 18
20:20 2021

Леле, што направивме??

Денес е голем ден за еспортот во Македонија!

Нашите представници на Светското првенство во Ејлат, Израел го освоија првото место во Counter-Strike: Global Offensive! Ова е најголем успех на репрезентативно ниво на ваков голем настан.

Во групната фаза Македонија заврши на второто место, со еден пораз од Словачка и победа против Мексико. Во осмина финалето успеавме да ги победиме Словачка со 2:1, во четврт финалето ги победивме Косово со 2:0, но Романците беа подобри во полуфиналето со 2:1. Поради тоа Македонија се најде во Losers Bracket, каде не чекаше тешок противник, Украина.

Во полуфиналето на губитници, после тешки партии на резултат од 1:1, успеавме да се вратиме од 15:10 разлика, и да победиме со 19:16 на Inferno во највозбудливата партија на турнирот. Со таа победа се пласиравме во финалето, каде повторно не очекуваа Романија.

Во финалето нашите момци беа повеќе од спремни да се одмаздат за поразот во полуфиналето и убедливо да ја победат Романија со 2:0 на мапите Inferno и Mirage, освојувајќи го златниот медал на Светското првенство и $10 000 награда.

Едно големо браво до дечките за тоа што не направија денес сите горди, и им посакуваме уште многу вакви успеси на нацонално и клубско ниво!

Патот на нашите момци до финалето може да го погледнете на следниот линк.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ