ESPORTS.MK

Македонија е победник на Европскиот куп на нации во League of Legends

Македонија е победник на Европскиот куп на нации во League of Legends
јуни 11
23:45 2020

Денеска беше одржано финалето помеѓу Македонија и Израел во League of Legends на Европскиот куп на нации, а Македонија со заслужена победа од 3:1 над Израел е победник на купот.

Ова финале се играше BO5 (најдобар од 5) систем каде Македонија го покажа тоа најдобро, а за репрезентативците што би се кажало освен едно големо браво за извонредната тимска игра што ја покажаа и докажаа во изминатите мечеви. Уште еднаш се докажа дека Македонија е жедна за еспорт а тоа во најдобро светло се виде на овој Европски куп на нации. Покрај првиот изгубен меч нашите репрезентативци успеаа да се вратат во игра и да победат 3 меча со ред против Израел во финалето на овој куп.

Репрезентативците на Македонија во League of Legends:

Златко Петровски – Gosberg

Виктор Кордановски – Fallen Angel

Давид Деловски – 2Cups

Валмир Фејзулаху – goldento4st

Стефан Шевченко – Mistrial

Првиот меч не беше толку среќен за нашите репрезентативци и припадна на Израел со водство од 21:4 во убиства, 5 кули и 12.000 во злато разлика над Македонија. Шампионите кои беа одбрани беа Оrn, Graves, Syndra, Ezreal, Senna од репрезентативците на Македонија и Maokai, Zac, Cassiopeia, Vayne, Yuumi од репрезентативците на Израел. Во продолжение дел од крајот на првиот меч.

Вториот меч не беше толку долг, беше мечот каде работите се свртеа на подобро за тимот на Македонија со изедначување на резултатот со Израел. Тие дури го предадоа мечот по изгубената борба кај Dragon-от со 24:11 во убиства, речиси 11.000 во злато и 5 кули разлика за Македонија. Шампионите кои беа одбрани од страната на Македонија беа Wukong, Elise, Irelia, Kai’Sa, Tresh и Hecarim, Gragas, Syndra, Miss Fortune, Janna од страната на Израел. Во продолжение крајот од вториот меч.

Третиот меч Македонија играше со Mordekaiser, Jarvan IV, Irelia, Miss Fortune, Bardа, а Malphite, Ivern, LeBlanc, Aphelios, Janna беа избраниците на Израел. Македонија си заслужи победа со 24:16 во убиства, речиси 7.000 злато и 5 кули разлика над Израел, а и водство од 2:1 во мечеви. Во продолжение крајот од третиот меч.

Четвртиот меч и последен во ова финале беше заслужен од страна на репрезентативците на Македонија со 25:18 во убиства, речиси 10.000 злато и 9 кули разлика над репрезентативците на Израел. Ние овој пат ги одбравме Gankplank, Karthus, Akali, Varus, Karma, додека Jayce, Nidalee, Syndra, Ezreal, Lux играа за Израел. Во продолжение крајот од четвртиот меч а и последен на овој Европски куп на нации.

Огромни честитки до нашите дечки кои достојно ја претставија Македонија што секако нема да им биде последен. Мало потсетување дека полуфиналните и финалните мечеви во CSGO во склоп на Европскиот Куп на Нации треба да се одиграат 14 и 15 јуни каде што во полуфиналето треба да се сретнеме со тимот на Белгија.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK