ESPORTS.MK

MAD Lions vs Rogue постави нов рекорд на гледаност во Пролетниот сплит на LEC 2021

MAD Lions vs Rogue постави нов рекорд на гледаност во Пролетниот сплит на LEC 2021
април 14
23:34 2021

После еден од најнезаборавните и драматични завршетоци на Пролетниот сплит на LEC, ретко кој имал време да размисли за гледаноста на финалето. Сепак, со задоволство можеме да кажеме дека бројките се присутни, и покрај тоа што во редовите на финалето на LEC, G2 и Fnatic отсуствуваат, MAD Lions и Rogue сепак успеаја да привлечат огромна толпа.

Според Esports Charts, вчерашното финале привлече врвна публика од 831,000 на Twitch – највисока досега за игра во Пролетниот Сплит. MAD Lions vs Rogue сега влегува во четвртата најгледана игра во LEC досега, зад три натпревари на G2 vs Fnatic од летните сплитови 2019 и 2020 година. Додека сите 831 000 гледачи не гледаа истовремено, просечниот број на истовремени гледачи низ целата серија не беше воопшто лош, со над 300 000 луѓе кои се вклучија на преносот на англиски јазик.

И Rogue и MAD Lions уживаат во нагорна траекторија откако влегоа во лигата. Rogue отиде од тим на десетто место во пролетта 2019 година, до доминанирање на сплитовите во летото 2020 и во пролетта 2021 година. Преку внимателно регуртирање и имање на подолгорочна визија, Rogue постепено се разви во моќниот тим кој го гледаме денес.

MAD Lions во меѓувреме по побрз пат стигнаа до врвот. Откако првично го наелектризираше LEC со победата во Плејофот во Пролетниот Сплит во 2020 година над G2, тимот брзо се зацементираше како претендент за врвот во својата прва LEC сезона. Сепак, по катастрофален перформанс на Светското првенство, беа покренати прашања дали тимот може да го одржи своето темпо или не. Со победата над Rogue во вчерашното финале, овие прашања беа одговорени.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK