
Македонската компанија за развивање игри M-Tech, организира лан турнир во Dota 2 со награден фонд од 2,500 евра.
На турнирот ќе има четири повикани тимови и четири тимови преку отворените квалификации кои ќе се одржат на 27 март.
Пријавувањето за отворените квалификации трае до 26 март, а пријавата ќе можете да ја пополните ТУКА.
Најдобрите Dota 2 тимови од Балканот на 15,16 и 17 април 2022 ќе се борат за главната награда во хотел Romantique во Дојран.
M-Tech Entertainment е студио за игри и моментално ја развива првата MOBA NFT игра ориентирана на еспортот, Battle For Giostone.