ESPORTS.MK

LoL Worlds 2021 ќе се игра низ пет кинески градови

LoL Worlds 2021 ќе се игра низ пет кинески градови
јуни 18
15:44 2021

На почетокот на оваа година беше објавено дека LoL Worlds 2021 ќе се одржува во Кина втора година по ред по успешниот турнир во Шангај во 2020 година. Riot откри дека има за цел да го врати мулти-градскиот формат што го посакуваше во 2020 година (што не беше можно поради пандемијата) за 2021 година, и ги објави петте локации што ќе бидат домаќини на различни фази на овогодинешниот турнир.

Иако веќе беше познато дека Шензен ќе биде домаќин на финалето, ќе му се придружат и минатогодишниот град домаќин Шангај, како и Ченгду, Кингдао и Вухан, што беше првото место на кое вирусот COVID-19 за прв пат беше откриен  во Декември 2019 година. Фазите што ќе ги организира секој град ќе бидат откриени на подоцнежен датум.

Riot исто така го потврди местото во Шенцен што ќе биде домаќин на големото финале: Спортскиот центар Универзиада со 60.000 места.

И покрај големината на местото на одржување и фактот дека минатогодишното финале се играше пред 6.000 навивачи, Riot допрва ќе се посвети на давање одговор на прашањето дали ќе има публика во живо за финалето на Worlds 2021, или за која било фаза од самиот турнир.

Сеуште се чека за потврда за локациите на местата на одржување на фазите од Worlds 2021 во другите градови.

Riot го исполнува ветувањето од 2020 година за мулти-градска турнеја во 2021 година, и тоа е охрабрувачки да се види. LoL Worlds е еден од најголемите турнири во еспортот, и неговото носење во повеќе заедници во Кина – каде што се наоѓа огромен дел на навивачи на LoL esports – секако е позитивно.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK