ESPORTS.MK

ЛоЛ Светско Првенство 2020 play-in фаза- Преглед на група Б

ЛоЛ Светско Првенство 2020 play-in фаза- Преглед на група Б
септември 27
18:08 2020

Втората група од play-in фазата на LoL Светското Првенство 2020 исто така ни носи голем број потенцијално интересни пресметки, а фокусот е на LGD Gaming, кои ќе се обидат да и донесат на земјата домаќин четврти претставник во главната фаза на натпреварувањето.
Кога станува збор за групата Б, таа на некој начин е во сенка на групата А, што ни ги носи големите EU vs. NA престрелки, но тоа не значи дека ќе биде помалку интересно.

LGD Gaming

Ако се прашувате зошто Riot во најавата на play in фазата ги форсираше PSG како фаворити, одговорот на ова прашање е прилилно едноставен. Тим кој е повратник на светската сцена по прв пат после 2015 година, мораше два пати да го совлада светскиот шампион од 2018 година, Invictus Gaming за да се најде тука. Како ден е јасно дека LPL лигата е без конкуренција во однос на квалитетот и конкурентноста, што најдобро говори фактот дека претходните два светски шампиони не успеаа ниту да се пласираат на турнирот.
Но LGD е. Тие направија големо изненадување, а во центарот на вниманието беше малку заборавениот Han “Peanut” Wangho поранешната starвезда на ROX Tigers и SKT T1, кој во 2016 година беше еден од најдобрите играчи во светот. Овој агресивен џунглер повторно дочека метата да му одговара целосно и за кратко време потсети зошто беше страв и трепет во LCK лигата.
Негов сонародник и поранешен ADC играч на Afreeca Freecs Ha “KrameR”  Jong-hun  исто така има добра сезона зад себе, како и мид лејнерот Su “xiyu” Hanwei, кого го паметиме како играч кој помина пет години во тимот на WE и се приклучи на LGD од Dominus Esports во мај годинава.

Пред пет години, LGD беа запаметени како едни од најголемите разочарувања на светските шампионати, кога дојдоа на турнирот како еден од фаворитите, за да бидат елиминирани во групната фаза. Долги години чекаа на можноста за реванш и конечно ја добија. Можеби го немаат она што е потребно за подигнување на трофејот, но се под голем притисок да ја вратат славата на еден од великаните на кинескиот спорт.

PSG Talon

Многумина ќе се запрашаат како славниот француски фудбалски клуб Парис Сен Жермен заврши со тимот на LoL од Хонг Конг, особено откако ги гледавме како се натпреваруваат во Европа, но она што е важно е што најдоа формула за успех. Во својата дебитантска сезона во PCS-лигата („нов“ LMS), по солидната групна фаза што ја завршија со 14-4, тие успеаја да обезбедат пласман на СП со три победи во плејофот, но на крајот убедливо ги совладаа Machi Esports во финалето со 3-0.

За жал на нив, ги следеше лошата среќа пред почетокот на натпреварувањето, нивните корејски играчи Kim “River” Dongwoo и Park “Tank” Danwon мораат да поминат низ карантин во својата татковина за да влезат во Кина, поради што PSG  е принуден да игра со други играчи во формата на позајмени играчи од AHQ eSports Club.

Hsiao “Kongyue” Jentso и Chen “Uniboy” Changchu се солидни играчи, но постигнувањето успех со неразиграна петорка е нешто што е навистина тешко да се очекува и тоа би било повеќе од импресивно.

Згора на се, дел од претставата ќе мора да го пропушти  и ADC Wong “Unified” Chunkit од слични причини, а на почетокот на натпреварот ќе биде заменет со Chen “Dee” Chundee. Доколку PSG Talon ги загуби сите натпревари играјќи само со двајца свои играчи, никој не може навистина да ги обвини за ништо, а можеме само да се надеваме дека тимот уште еднаш ќе ја добие можноста да се покаже на меѓународната сцена во некои малку подобри услови.

Unicorns Of Love

Популарните Unicorns Of Love се стекнаа со голема слава со специфичното брендирање додека играа во EU-LEC лигата, која ја напуштија кога беше воведена франшизата и после тоа го наоѓаат своето место во Русија, каде денес се шампиони. И додека аналитичарите на шега ги нарекуваат петти LEC тим, во овој случај веруваме дека има малку вистина во секоја шега, бидејќи е познато дека UoL тренира напорно со европски тимови, подготвени да ја искористат неочекуваната можност што им се претстави благодарение на лошата среќа на PSG Talon.

Unicorns Of Love влегуваат како јасни фаворити за второто место во групата Б и полесен противник од групата А во борбата за главната фаза на натпреварувањето, и по перфектните 14-0 во LCL-лигата каде испуштија само еден натпревар за целиот дел во финалето против „Gambit“, навистина е јасно зошто повторно владее големиот возбуда за UoL.

Се потсетуваме дека на клупата на еднорозите уште се наоѓа искусниот Fabian “Sheepy” Mallant кој е во тимот од 2013 година (оставајќи го на половина година во декември 2018 година кога се испроба како тренер на SK Gaming) и со своето искуство Unicorns of Love со причина имаат на што да се надеваат.

V3 Esports

V3 е тимот што конечно успеа да ги симне од тронот Detonation FocusMe. Дали ќе имаат поголема среќа од нив во play-in фазата останува да видиме и дека LJL е еден од најнепредвидливите региони што сè уште стои, поради што V3 дефинитивно доаѓа на турнирот како еден од аутсајдерите со потенцијал. Сепак, се чини дека јапонските претставници ја добиваат оваа улога премногу често, со цел да  разочараат повторно и повторно, но дури и ништо да не им оди од рака и да не успеат да обезбедат пласман за во понатамошната фаза во натпреварувањето очекуваме тимот на V3 да даде силен отпор и да покажат барем неколку интересни стратегии.

Rainbow7

Поранешни Lyon Gaming сега Rainbow7 е еден од најпознатите тимови во Јужна Америка. Иако кога помислуваме на овој континент, најпрво мислиме на Бразил и CBLOL лигата (Латинско Американската лига) се обидуваат да се пробие на меѓународната сцена преку тимови како Lyon, Kaos Latin Gamers, Isurus и други.
Заедно со Јапонија и Австралија, како регион со најмал успех на меѓународните натпреварувања, од претставниците на LLA не се очекува премногу, но не треба да заборавиме на фактот дека Rainbow7 не беше фаворит во нивната лига, останувајќи како и сите други тимови во сенка на All Knights кои ја обележаа групната фаза на летниот шампионат, и на крајот во големото финале R7 излегоа како победници од исклучително тежок и неизвесен натпревар на B05.

Тогаш улогата на херој ја превзеде џунглерот Brandon “Josedeodo” Joel Villegas, а дали ќе успее да му донесе победи на својот тим на Светското Првенство, останува да видиме.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK