
Nestor „LETN1“ е отстранет од почетниот ростер на c0ntact gaming.
Оваа вест воопшто не ни доаѓа како изненадување бидејќи тој не игра во почетниот ростер уште од претходниот месец кога за време на квалификациите за cs_summit 6 Europe каде наместо него играше данецот Marco “Snappi” Pfeiffer, каде тие завршија на шестото место откако изгубија во фантастична BO3 серија против шведскиот fnatic со резултат 1-2 во мапи.
Отстранувањето на LETN1 од почетниот ростер е за прв пат во неколку години играње заедно со поголемиот дел од тимот каде тие успеаја да стигнат до StarLadder Major во Berlin и исто така имаа и неколку фантастични изданија на DreamHack Open турнирите каде и дојдоа до победа на DreamHack Open Rotterdam 2019.
Европскиот микс оттогаш се обидуваа да ги повторат тие резултати, не тоа не им одеше од рака и додека беа при крајот на нивното играње под организацијата CR4ZY. Со тоа и оваа измена беше неопходна бидејќи во шест месечниот период тие во ранкинзите паднаа од 20тото место па се до 42рото место на ранг листата..
Моето време за играње под организацијата c0ntact gaming му дојде крајот, во моментот сум надвор од почетниот ростер, но барам нови можности. Измената беше неопходна во тимот и мислам дека ова е најдобриот начин бидејќи и на двете страни ни е потребен нов почеток.
– изјавува LETN1
My current situation in team c0ntact! RT appreciated!
Read: https://t.co/imh2WXCZat
— Nestor Tanic (@LETN1CSGO) July 6, 2020
Секаков вид на подршка би му значело, така да дечки retweet-нете му го твитот и помогнете му да пронајде нов тим, и секако наскоро пак да го гледаме на интернационалната сцена!