ESPORTS.MK

Лансиран проект за подршка на жени во Дота 2, наречен DotaValkyries

Лансиран проект за подршка на жени во Дота 2, наречен DotaValkyries
март 20
14:45 2021

DotaValkyries е нов проект кој што е наменет за подршка на жени во Дота 2, како во секојдневен гејмплеј, така и за развој на професионална кариера.

Да се видат жени на сцената на The Internacional, најголемиот турнир во Дота 2, сеуште не се има случено, но DotaValkyries работи за тоа да се смени .

Во минатото имаме видено тимови составени од жени во Дота 2. Во 2012, Virtus.pro направи тим составен целосно од жени, наречен Virtus.pro Ladies.

Земајќи од примерот на Virtus.pro, Na’Vi во 2013 година исто така направи тим составен само од жени, и истите го освоија првото место на CGAMES Female Cup против тимот на Virtus.pro, VP.Ladies.

Дури имаше и LAN турнир, кој што се играше во Киев во 2013 година, каде што Na’Vi Ladies го освоија првото место.

Трендот на жени во Дота 2 почна да расте во 2013 година, па затоа организации како RoX.KIS и LGD Gaming имаа ангажирано жени играчи во нивните тимови. Но, по една година, концептот на жени во Дота 2 почна да го снемува без никаква врева.

Во денешно време има се повеќе жени во светот на еспорт и Дота 2, но повеќето од нив извршуваат улоги во позадина. Многу е тешко да се најдат жени на професионалната сцена, како натпреварувачи на највисоко ниво.

Но времињата се менуваат, Tammy “Furryfish” Tang Zhao En, е жена која се натпреварува во индустрија доминирана од мажи. Оваа девојка од Сингапур повеќе од две декади се бори за место во светот на еспорт. Во 2004 година има ко-основано еспорт огранизација која што беше ребрендирана во Asterisk.

Овој тим редеше многу успеси, освојувајќи прво место World Cyber Games Grand Finals во Сингапур во 2005 година, како и многу други настани до сега. За многу жени во последните години, Asterisk било место каде што жени кои што се сериозни за професионална кариера можат да се поврзат со истомисеници и да се развиваат во оваа област. Па затоа Tammy ја креираше FSL – Female esports league.

Како FSL, Dota Valkyries моментално работи на креирање на начин каде што жени ќе ги развиваат своите вештини, место каде што би се отварале врати за нив, и со тоа би го развивале талентот.

Преку менторство, едукација, тренинг и спонзорства, DotaValkyries ќе овозвожи овие професионалци да имаат средина за напредок и да стигнат до големи успеси.

Како за пример, Evil Geniueses на почетокот на 2021 година го објави дека имаат Valorant тим со две жени во составот.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK