ESPORTS.MK

Labrov прогласен за rookie of the Split во оваа сезона на LEC

Labrov прогласен за rookie of the Split  во оваа сезона на LEC
август 27
19:35 2020

Грчкиот support Labros “Labrov” Papoutsakis очекувано е прогласен за најдобар нов играч во летната сезона на LEC во 2020 година откако на своите соиграчи им помогна да состават поквалитетна игра во вториот дел од сплитот.

Пристигнувањето на Labrov како еден од најголемите европски млади таленти во LEC-лигата беше долго очекувано, а кога го заврши школото се приклучи на екипата на Vitality каде играше на бот-лејнот со својот соиграч Markos “Comp” Stamkopoulos.

Балканското трио во екипата на Vitality кое се состои од грчкиот бот лејн и српскиот мид лејнер Aljoša “Milica” Kovandžić сосема солидно се покажаа против многуте искусни противници, а иако на крајот на сезоната го завземаа деветтото место, само една победа ги делеше од шесттопласираната екипа Schalke 04.

Labrov заедно со топ лејнерот од MAD Lions Andrei “Orome” Popa е бифши член од екипата Wind and Rain која се натпреваруваше во првата сезона на EBL и на крај го завземаа треттото место. После EBL, Labrov играше за Panathinaikos, KIYF eSports, WLG и BIG со кои го освојува летниот EU Masters во 2019 година.

Тој е член на екипата на Vitality во LEC- лигата од мај, и иако е нов во натпреварувањето играше со огромна самодоверба, често правејќи клучни борби и успешни тактики за својот тим. Сезоната ја завршува со неверојатни 80,3 % kill participation во неговиот тим, по што е прв меѓу другите играчи на support позицијата во целата лига.

Labrov ја оствари победата со тесни 95 поени, бод повеќе од мид лејнерот на SK Gaming Dirk “ZaZee” Mallner, додека на гласањето третото место го завзема Milica со 49 поени.

Српскиот мид лејнер имаше неколку неверојатно добри партии во својата дебитантска сезона во LEC лигата и може да се каже дека се има покажано како стабилен мид лејн играч во доста голема конкуренција.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK