ESPORTS.MK

Квалификации за CEE Champions втора рунда

Квалификации  за CEE Champions втора рунда
септември 20
18:19 2020

Вчера го имавме и вториот квалификациски турнир за CEE шампионатот каде што беа пријавени 17 екипи. Турнирот ни донесе повеќе интересни мечеви но сепак на крај фаворитите излегоа на крај.

Секако на турнирот ги имавме и нашите репрезентативци односно GODZ1337 кои без никакви потешкотии го осигураа пласманот во плејоф-от кој ќе започне од 19:00 часот денеска.

Останите три екипи кои успеаа да се изборат за пласман во плејоф-от се:  Russian Clan, babu6i и тимот HSDELIVERY.

Екипата на Russian Clan имаа перфектен рекорд се додека не се соочија со репрезентативците GODZ1337 во првиот полуфинален меч кој го изгубија, но сепак тие се сигурно задоволни со нивниот успех односно пласманот.

Потоа во второто полу финале го имавме мечот помеѓу HSDELIVERY i babu6i кој беше неверојатно близок меч, тимовите играа рунда за рунда. Во првото полувреме тимот на babu6i губеа со резултат од 9-6, но потоа во текот на второт полувреме екипата на HSDELIVERY направија низа од повеќе рунди но на крај мечот заврши со победа од 16-14 за babu6i.

Еве и еден фантастичен фраг играчот narc0x со што му помогна на својот тим да освојат еко рундата.

Со тоа се заврши и вториот квалификациски турнир за CEE Champions, каде тимовите што успеаа да обезбедат пласман во плејоф-от се: Russian Clan, babu6i, HSDELIVERY и GODZ1337.

 

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK