ESPORTS.MK

Квалификации за CEE Champions прва рунда

Квалификации за CEE Champions прва рунда
септември 19
14:01 2020

Во првата рунда квалификации имаше вкупно 24 тимови кои ни овозможија да гледаме еден динамичен кантер со многу пресврти и неочекувани резултати. Во следната фаза од ова натпреварување напредуваа четири тимови.

Во првото полу финале се сретнаа тимовите на Lemonsqueazy против Dream Team 92 каде што Dream Team 92 видно повеќе мотивирани успеаја да ги поразат Lemonsqueazy.

Во второто полу финале се сретнаа Good Game и sixsense каде што видовме еден навистина добар кантер од страна на двете екипи. Победата заслужено ја однесе тимот на Good Game и се пласира во финалето на првиот квалификациски циклус.

Во финалето видовме дека двата тимови, Dream Team 92 и Good Game заслужено се квалификуваа во следната фаза со играта која ни ја покажаа. За несреќа на тимот Good Game, еден од играчите при резултат од 8-7 се исклучи од играта поради технички проблем и не се врати до крајот на мечот, па така тимот на Dream Team 92 го совлада тимот на Good Game.

Во мечот за трето место тимот на Lemonsqueazy го порази тимот на sixsense и си обезбеди подобар seed на плеј офот.

Во продолжение ги имате тимовите кои се пласираа во плеј офот кој ќе биде оддржан на 20.09 со почеток од 19:00 часот.

  1. Dream Team 92
  2. Good Game
  3. Lemonsqueazy
  4. sixsense
 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK