ESPORTS.MK

KUVO TV го организира првиот Show Your Valor турнир во VALORANT на Балканот

KUVO TV го организира првиот Show Your Valor турнир во VALORANT на Балканот
септември 10
14:35 2020

Гејмери, време е да ја “одбраните својата чест”! А шансата ве чека на претстојниот Show Your Valor турнир кој го организира KUVO TV. Сите заинтересирани петчлени Valorant тимови од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Хрватска и Македонија.

Турнирот Show Your Valor ќе биде оддржан онлајн во текот на септември и октомври, со награден фонд од 5.500 евра за осумте најдобри тимови. Квалификационите рунди се закажани за втората половина на септември, кога пријавените тимови ќе имаат можност да се докажат, да се изборат за место помеѓу осумте најдобри.

Најдобрите осум тимови од квалификациониот дел на турнирот ќе се натпреваруваат во текот на четити недели во склоп на групна фаза, а четирите најдобри тимови ќе одлучат за шампионската титула во play off. Сите кои ќе влезат во групната фаза на натпреварувањето сигурно добиваат награда чија висина ќе зависи од освоеоното место:

  1. место – 2.000 евра
  2. место – 1.250 евра
  3. место – 750 евра
  4. место – 500 евра
  5. место – 250 евра

Најголемитот турнир во играта VALORANT на Балканот доаѓа како увертира пред лансирањето на регионалниот проект кој ќе ги обедини гејминогт и телевизијата, под името KUVO TV.

VALORANT е најновиот наслов од Riot Games, издавачот на глобално популарната игра League of Legends. Само тестирањето на VALORANT со готово два милиони гледачи доби титула на второ најгледано случување на платформата Twitch. Играта е исклучително популарна и во нашата земја, и привлекува гејмери од сите генерации. Сакавме да пружиме шанса на тимовите да се докажати да освојат вредни награди. Секако, тука е и престижната титула на најдобар регионален тим, но и можност за сите идни еспортисти да го покажат својот талент

– изјави Милош Шпановиќ, уредникот на еспорт редакцијата на KUVO TV.

За учество е потребен петточлен тим, а сите заинтересирани може да се пријават со пополнување на прашалник на веб страницата на KUVO TV. Сите дополнителни информации за турнирот Show Your Valor ве чекаат на Facebook, Instagram и Discord страниците на KUVO TV.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK