ESPORTS.MK

Кризата продолжува – и Excel го победи G2 Esports

Кризата продолжува – и Excel го победи G2 Esports
јули 07
14:51 2021

G2 Esports го претрпе третиот последователен пораз во LEC лигата, овојпат од нив беа подобри Excel кои настапија со двајца нови играчи во нивниот состав.

Фановите на G2 Esports имаат голема причина да се грижат. Лошата форма на G2 почнува да изгледа како нешто што нема да се реши преку ноќ и прашањето е дали тимот може да ги реши проблемите без никакви суштински промени ако се земе во предвид како играат во моментов.

Се разбира, јасно е дека главниот проблем на тимот е ужасната форма на главната ѕвезда Rasmus „Caps“ Wither. Според скоро сите статистички податоци, Caps во моментов е најлошиот мид лејнер во LEC лигата, што е нешто што навистина никој не очекуваше да види кога станува збор за еден од најталентираните, ако не и најталентираниот играч во Европа досега.

Martin „Rekkles“ Larsson дојде како големо засилување во G2, но на моменти се чини дека е принуден да игра сам.

Mark „Markoon“ van Woensel го одигра својот деби натпревар брилијантно и од џунгла постојано вршеше притисок на Caps, препознавајќи дека во моментов е најслабата алка во тимот. Excel целосно го надигра G2, што е сосема неочекувано од тим за кој се смета дека е најслаб во лигата заедно со SK и Astralis.

Одличен беше супортот Henk „Advienne“ Reijenga, а оваа победа го доведе Excel до само една победа зад G2, кој по осум кола има резултат 4-4 во лигата.

Табелата во LEC после 8 кола изгледа вака:

1. Misfits Gaming 6-2
1. Rogue 6-2
3. Fnatic 5-3
3. MAD Lions 5-3
5. G2 Esports 4-4
5. Team Vitality 4-4
7. Astralis 3-5
7. Excel 3-5
7. Schalke 04 3-5
10. SK Gaming 1-7

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ