ESPORTS.MK

Криптовалутите и нивната можна улога во еспортот

Криптовалутите и нивната можна улога во еспортот
февруари 12
15:15 2021

Гејминг дивелоперите полека почнуваат да го интегрираат Lightning Network на Bitcoin во нивните игри и активни наслови за да можат да ги услужат играчите со bitcoin исплати.

Lightning Network е релативно нов протокол за исплата што овозможува брза, речиси бестрашна, трансакција на одредена мрежа што работи со различни правила од оние на главната мрежа на Bitcoin.

Оваа in-game економија за награди нуди на секојдневните гејмери „удел“ во самата игра, но и шанса нивното хоби да го монетизираат, што досега беше привилегија само за најголемите во професионалната еспорт индустрија.

Крајот на секој меч не е нешто особено. Од надвор, изгледа како секој друг CSGO еспорт меч, се додека не почнат да се појавуваат новите резултати на вашите екрани.

По прогласувањето на победниците, QR код се појавува на работ на вашиот екран со порака: „Вие освоивте 8,673 stats!“ (stats е скратеница за „satoshi“, микроединица на bitcoin).

Наградниот износ на stats кореспондира со вашите поени од самиот меч, традиционалниот in-game систем за бодување што постои само како начин играчите да добиваат experience поени за да „левелираат“ во играта. Само што овие поени не се обична in-game валута, туку тие се вистински пари кои ќе можат да се повлечат од играта.

Новиот play-for-pay плугин од развивачката фирма ZEBEDEE што се вика Infuse го прави сево ова можно. Го користи Lightning Network на bitcoin за да изврши, речиси бестрашна исплата на играчите. Серверите на ZEBEDEE за CSGO сега се отворени за јавноста, што до сега беа во closed-beta фазата.

Оваа новина полека се провлекува во мејнстрим игрите за прв пат и е некој вид на пресвртница за оваа добро разработена индустрја што ќе помогне да се рекреира од ново системот што играчите го користат за интеракција (и монетизираат) своето хоби.

ZEBEDEE е само една од неколкуте пионери во растечката (но сеуште потценета) интерсекциска индустрија на Bitcoin и видео игрите. Пристапот на игрите кои се сложуваат на оваа работа е малку понаков од останатите. Наместо да се креира игра која ќе го поддржува овој протокол, тие се обидуваат да го инкорпорираат ова во игри што имаат дури повеќе од 28 милиони активни играчи на месечно ниво.

Интересна промена од минатото е тоа што се повеќе се буди интерес да се доближи Bitcoin поблиску до популарните игри. Нашироко е познато дека новите игри се обидуваат до достигнат било кое ниво на успех, а тоа не е мала задача, вели заменик претседателот за бизнис операции на Lightning Labs и организатор во MingGox, Des Dickerson за CoinDesk.

На оваа промена и тренд секако нема да останат луѓето рамнодушни, но повеќе од сигурно е дека ќе го смени изгледот на гејмингот во годините што доаѓаат.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK