ESPORTS.MK

Комплетирано трето и четврто коло од Прва Македонска Еспорт Лига

Комплетирано трето и четврто коло од Прва Македонска Еспорт Лига
април 18
12:21 2022

Викендот кој веќе е зад нас остана во сеќавање по добрите и возбудливи натпревари од ПМЕЛ 2022 во CS:GO.

Во третото коло се судрија CRYSIS Esports против BLADE Esports, Trazed Gaming против ENTiTY, BLUEJAYS против eSports ENTiTY и LEVEL Esport против Infusion Esport.

Во првиот натпревар од третото коло се судрија CRYSIS Esports против BLADE Esports а BLADE Esports покажа вистинска доминација и го заврши натпреварот со вкупен резултат од 16:2. Вториот натпревар беше помеѓу Trazed Gaming и ENTiTY. Ова коло, легендите од 1.6 беа демолирани со вкупен резултат од 16:5. Третиот натпревар заврши како што и сите очекуваа. Фаворитите на оваа лига, BLUEJAYS без премногу напор го добија вториот охридски тим, eSports ENTiTY, со вкупен резултат од 16:3. За крај на ова коло, кочанските надежи Infusion Esport ја остварија нивната прва победа против LEVEL Esport, а вкупниот резултат беше 16:5.

Во четвртото коло имавме битка на титаните. Infusion Esport против Trazed Gaming, BLUEJAYS против CRYSIS Esports, BLADE Esports против ENTiTY и eSports ENTiTY против BLADE Esports.

Првиот натпревар беше помеѓу Infusion Esport и Trazed Gaming. Trazed Gaming влезе фаворитски на натпреварот а тоа го докажа и со резултатот од 16:10 во нивна корист. Во вториот натпревар се судрија BLUEJAYS против CRYSIS Esports. BLUEJAYS како и до сега не дозволи противникот да ги изненади и го затвори мечот со резултат од 16:5. Третиот натпревар го одбележа тесниот резултат помеѓу BLADE Esports и ENTiTY. ENTiTY искусно и со чиста глава после поразот во третото коло, успеа да го совлада противникот со вкупен резултат од 16:13. За четвртиот натпревар што да се каже? eSports ENTiTY и BLADE Esports ни приредија навистина одлично шоу за гледање. После долги битки и после толку израмнувања, BLADE Esports успеа да го победи eSports ENTiTY со вкупен резултат од 25:23.

Моменталната поставеност на табелата е навистина интересна каде што го имаме првиот тим кој обезбеди место во плејоф-от, а останатите тимови се сеуште во игра за пласман во плејоф фазата. Сега не очекува пауза од две недели поради државните празниците кои доаѓаат, па продолжуваме со петтото коло на 06-ти мај.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ