ESPORTS.MK

Karrigan се враќа во FaZe Clan

Karrigan се враќа во FaZe Clan
февруари 15
15:18 2021

Данскиот ин-гејм лидер се враќа во FaZe Clan пред почетокот на IEM Katowice.

Finn “⁠karrigan⁠” Andersen се врати во FaZe Clan – објавија од организацијата денеска. Финализирањето на овој трансфер за кој се шпекулираше долго време, доаѓа откако денеска olofmeister го напушти FaZe Clan.

Данецот се враќа во тимот кој го водеше од 2016 па се до 2018 година и со истиот стигна да биде број еден тим во светот освојувајќи седум големи трофеи.

Karrigan ќе го има своето деби веднаш во Четврток на 18 февруари на IEM Katowice 2021 каде што FaZe Clan е еден од осумте тимови кои веќе имаат обезбедено место во главната фаза од турнирот.

Европскиот состав даде надеж на нивниот прв турнир откако го потпишаа Russel “⁠Twistzz⁠” Van Dulken, пласирајќи се втори во нивната BLAST Premier Spring група.

Моменталниот состав на FaZe Clan е:

  • Håvard “⁠rain⁠” Nygaard
  • Brazil Marcelo “⁠coldzera⁠” David
  • Latvia Helvijs “⁠broky⁠” Saukants
  • Canada Russel “⁠Twistzz⁠” Van Dulken
  • Denmark Finn “⁠karrigan⁠” Andersen

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK