
Од ова лето скопјани ќе ја имаат можноста своите најомилени игри да ги играат во новото интернет кафе Arena Esports Club што се наоѓа веднаш зад Верото во Тафталиџе.
Интернет кафето е опремено со 20 компјутери, од кои 5 се во PRO собата која покрај што е понудена на секојдневните потрошувачи, во неа професионалните тимови и сите оние кои ќе сакаат да научат нешто за еспортот ќе можат да ја користат. Исто така објектот поседува 4 PS4 машини за сите оние кои можеби поомилени им се спортските игри или едноставно својот гејминг го имаат навикнато на контролер или џојстик.
Оваа локација ќе биде новото еспорт жариште каде што е предвидено да се оддржат голем број на помали и поголеми турнири опфаќајќи се од ретро и носталгија игрите па се до модерните и тренд наслови.
Локацијата ќе располага и со број на фитнес справи со цел да се крене свеста за физичкото здравје кај помладата генерација, на начин што ќе се доделуваат бесплатни часови за играње доколку некој навистина се „испоти“ на нив.
Интернет кафето е отворено секој ден од 10 до 24 часот и работи со резервации, согласно на сите упатства и препораки од Владата во врска со справување на Ковид-19 епидемијата.
Уживајте!