ESPORTS.MK

Како да го формираш најдобриот VALORANT тим

Како да го формираш најдобриот VALORANT тим
март 05
17:33 2021

Размислуваш да бидеш дел од Red Bull Campus Clutch? Сите знаеме дека одговорот е ДА, па затоа го прашавме Aleksander ‘Zeek’ Zygmunt, да нѝ раскаже како се формира победнички VALORANT тим.

Пред да му “дадеме збор” на Zygmunt, новиот член на тимот G2, нешто што мора да се напомене е тоа дека VALORANT е сè освен обична тактичка игра со пукање во прво лице. Најголемата и најбитната разлика помеѓу VALORANT и останатите игри со пукање во прво лице е тоа што VALORANT нуди голем избор на ликови (карактери) поделени на класи и моментот дека на почетокот од секоја игра (партија) освен регуларното купување на оружје, можеш и треба да купиш/избереш слотови со разно-разни способности (магиски трикови). Слотовите се тесно поврзани со алатките и триковите кои ги поседува избраниот карактер.

Аналогно на ова, изборот на совршениот победнички тим директно зависи од изборот на вистинските агенти (карактери) со потребните вештини и способности кои ќе допринесат за победа и освојување на една од бројните вредни награди.

Да, така е, но лесно е да се каже, малку потешко е да се реализира креирањето на совршениот тим. Моментално, VALORANT нуди избор од 14 агенти што дополнително ја комплицира ситуацијата при формирањето на најдобриот тим. Но, не грижете се, имаме човек за оваа работа, младиот господин Aleksander ‘Zeek’ Zygmunt, новиот член на G2 Epsorts тимот кој ќе се обиде да нѝ ја разреши дилемата.

Клучот е во алатките на агентот (карактерот)

Kога се склопува тимот треба да се има во предвид дека потребен е добар микс од одредени специфични карактеристики и способности, кои се различни кај секој од 14те агенти. На пример, ако сакаш да играш со димни бомби тогаш можеш да одбереш било кој агент што ја има оваа способност.

– Изјави Zeek.

Поважно е да ги одбереш карактеристиките на агентот, него самиот агент. Не постои еден универзален агент кој е соодветен за било кој тим, туку исто така зависи и од мапата и теренот на кој се игра.

Исто така Zeek вели дека,

секој тим е уникатен во пристапот и начинот на кој ја игра играта. Но, тоа не значи дека секој тим треба да бира по случаен избор агенти кои најдобро знаат да ги играат. Треба да постои диверзитет во агентите, затоа што секој агент си има свои специфични карактеристики и способности, без кои не може да се биде најдобар VALORANT тим во светот.

Користи повеќе улоги

Кога се бираат агентите, треба да се знае дека еден агент може да изврши поголем број на улоги и задачи.

На оваа тема, Zeek вели:

Успехот во играта не зависи само од изборот на вистинските агенти, туку и од изборот на мапата. Така што ако си на страната на терористите (T side) тогаш тимот треба да е составен од агент што прв влегува (Entry Fragger), шпион (Lurker), агент-поддршка и секако снајперист. Додека пак, ако ја одбереш страната на анти-терористите (CT) тогаш треба да имаш во тимот двајца соло-агенти (anchors) кои ќе оперираат низ целата мапа.

Добар пример за соло-агенти се Cypher и Viper. Соло агентите најдобро е да се придружени од двајца агенти-поддршка и еден оперативец.

Но, како што претходно спомна Zeek, еден агент може да извршува повеќе улоги, а сето ова зависи од тоа каква тактика ќе примени твојот тим, кои се предностите/слабостите на твојот тим итн. Ако ги најдеш одговорите на овие прашања, шансите за победа се големи.

Подготви се за адаптирање во текот на партијата

Океј, тимот е спремен за акција! Но, дали тоа значи дека е подготвен да издржи до самиот крај? Дали ако изгубиш еден од агентите уште на самиот старт, тимот може да издржи до крај? Zeek, на овие прашања одговара со:

Ако изгубиш агент на почеток од партијата, не значи дека партијата за твојот тим е изгубена, но сепак треба да се промени првичната тактика и да се адаптира тимот на новонастанатата ситуација.

Сепак, некогаш и најпрецизното пукање и најдобрата тактика не вродуваат со плод, но тоа не значи дека треба да падне ентузијазмот и желбата за победа! Затоа, како што велат и самите професионалци, треба тимот да е повеќе-од-подготвен да менува и применува нови тактики, во зависност од ситуацијата.

Ако на половина од твоето читање на овој текст веќе почна да црташ тактики и да бираш агенти, тогаш Red Bull Campus Clutch е тоа што ти треба во животот. Затоа, не чекај пријави се ТУКА!

Превземено од: RedBull.mk

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK