ESPORTS.MK

Како да добиете бесплатни League Of Legends скинови преку Twitch?

Како да добиете бесплатни League Of Legends скинови преку Twitch?
декември 10
08:56 2019

Riot Games се здружи со Twitch за уште еден сет на скинови. Фановите кои што имаат Twitch Prime претплата сега можат да добијат бесплатен скин во играта.

Двете промоции за League of Legends и Teamfight Tactics завршуваат на 6 јануари. Да се земе бесплатниот Twitch Prime loot, едноставно поврзете го вашиот League of Legends акаунт со вашиот Twitch Prime акаунт. Потоа, земете ја понудата прикажана во десниот горен агол на Twitch страната, и вашите скинови ќе бидат веднаш депонирани на вашиот LoL акаунт.

Фановите на League of Legends ќе добијат мистериозен скин а играчите на Teamfight Tactics ќе добијат Little Legends јајце и трајно мистериозно емоџи. Играчите објавија дека добиваат скинови како што се: Conqueror Karma, True Damage Yasuo, Battle Academia Lux, Spirit Guard Udyr, PROJECT: Yi, Dragon Trainer Tristana и многу повеќе од оваа промоција.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ