ESPORTS.MK

juanflatroo го напушта Team Secret

juanflatroo го напушта Team Secret
јули 02
13:16 2020

Flatron “⁠juanflatroo⁠” Halimi и Team Secret се разделија, со тоа што играчот ќе му биде укинат договорот и ќе стане слободен агент.

juanflatroo го објави своето заминување од Secret во објава на Твитер, наведувајќи ги внатрешните конфликти како причина за напуштање на тимот. Но извор близок до организација го негира сето тоа откако беше контактиран од страна на HLTV, со што тврди дека организацијата сакала да го отстрани играчот од ростерот.

Оваа ситуација на juanflatroo доаѓа откако не повеќе од месец играчот  Filip “⁠tudsoN⁠ Tudev исто така го напушти тимот. Со ова тој стана третиот играч од првичната m1x екипа која беше потпишана од Secret во ноември. Првиот играч што се повлече е Rigon “⁠rigoN⁠ Gashi тој го напушти тимот уште во јануари.

За време додека juanflatroo играше во Secret им помогна да се квалификуваат за LOOT.BET Season 6, во која тие завршија на 5-8то место. Тие, исто така, се натпреваруваа во BLAST Rising завршувајќи на 9-12то место. Најуспешни резултати во последниов период им е второто место на Home Sweet Home Cup натпреварите.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK