ESPORTS.MK

Jatt се повлекува од функцијата главен тренер на League of Legends екипата на Team Liquid

Jatt се повлекува од функцијата главен тренер на League of Legends екипата на Team Liquid
јуни 25
17:00 2021

Сè е променето во LCS. Денес Team Liquid објави серија измени во својот тим на средината на Летниот Сплит, почнувајќи од заминувањето на главниот тренер Joshua ‘Jatt’ Leesman.

Jatt се приклучи на организацијата во мај 2020 година и го претвори тимот од деветтопласиран на LCS во сериозен кандидат на Светското првенство. Но, по малку разочарувачки пролетен сплит, поранешниот кастер одлучи да се повлече.

Но, тоа не е единствената промена: Lucas ‘Santorin’ Tao Kilmer Larsen прави подолга пауза поради тековните здравствени проблеми. Џунглерот на Академијата на Team Liquid, Jonathan ‘Armao’ Armao, ќе пополнува за Данецот сè додека неговите лекари не се удобни со одлуката тој да се врати во игра.

На прес-конференција, извршниот директор Steve Arhancet исто така даде апдејт за топланерот Barney ‘Alphari’ Morris, кој е на клупата од 5 јуни поради „проблеми со перформансите и ставот“. Додека Thomas ‘Jenkins’ Tran ќе игра на негово место оваа недела, Arhancet потврди дека личната пауза завршува на 27 јуни, кога стручниот штаб ќе ги процени следните чекори.

Исто така беше откриено дека Team Liquid планира да ги ротира Alphari и Jenkins секоја недела, работејќи како тим со 6 играчи. Како ќе функционира тоа, допрва ќе се види.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ