ESPORTS.MK

Извлечени групите за Светското првенство во LoL 2021 година

Извлечени групите за Светското првенство во LoL 2021 година
октомври 03
19:46 2021

Riot го претстави распоредот на групи за плејофот и главната фаза од претстојното Светско Првенство во LoL, а честа да ги извлече групите ја имаше џунглерот на G2, Marcin “Jankos” Jankowski.

Правилото дека тимовите од исти лиги не можат да бидат заедно во група, не остави многу простор за различни комбинации, имајќи предвид дека Кина и Кореја имаат минимум три, а најверојатно четири претставници во групната фаза.

Групата А најмногу потсетува на групата Б од минатогодишното првенство, во кое Rogue играше заедно со двата главни фаворити на турнирот. Тогаш тоа бea DAMWON (сега DWG KIA) и JD Gaming, и на крајот DAMWON исто така го освои шампионатот, а оваа година тоа е DWG KIA и FunPlus Phoenix, шампионот во 2019 година.

Групата Б ја предводи кинескиот шампион EDward Gaming, а со нив е и најтрофејниот тим на сите времиња, (SKT) T1, како и шампионот од LCS, 100 Thieves кој ќе има исклучително тешка задача да постигнат поени против толку силни противници.

Се чини дека групата Ц е најизбалансирана досега, и ги вклучува Royal Never Give Up, Fnatic и PSG Talon. Имајќи предвид дека ова е единствената група без корејски тим, можеме да претпоставиме дека ќе ја комплетира Hanwha Life Esports, освен ако нема големо изненадување во плејофот.

Во групата Д, главниот збор треба да го имаат MAD Lions и Gen.G. Ова е групата во која најверојатно ќе бидат вклучени LNG Esports – четвртиот претставник на Кина, а тука е и Liquid, кој минатата година покажа дека можат да изненадат во Bo1 натпреварите.

Уште еднаш, распоредот на групите во главната фаза на турнирот (во загради се тимовите што треба да ја комплетираат групата по плејофот, освен ако нема изненадувања):

Група А: DWG KIA, FunPlus Phoenix, Rogue, (Cloud9)
Група Б: EDward Gaming, T1, 100 Thieves, (Wildcard tim)
Група Ц: Royal Never Give Up, Fnatic, PSG Talon, (Hanwha Life Esports)
Група Д: MAD Lions, Gen.G, Team Liquid, (LNG Esports)

Распоред на play-in групите

Група А: Hanwha Life Esports, Infinity Esports, LNG Esports, PEACE, RED Candis.
Група Б: Beyond Gaming, Cloud9, DetonatioN Focus Me, Galatasaray Esports, Unicorns of Love. 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK