ESPORTS.MK

Извлечени групите за плеј ин фазата за летниот EU Masters 2020 година

Извлечени групите за  плеј ин фазата за летниот EU Masters 2020 година
август 16
19:31 2020

Riot ги откри групите за групниот дел од плеј ин фазата за летниот EU Masters 2020 година во кој ќе се натпреварува и  вицешампионот на EBL.

Летниот EU Masters почнува со плеј ин фазата на 17 Август, заклучно со 20 Септември, кога на ред е големото финале. Плеј ин фазата ќе трае четири дена и ќе функционира на идентичен начин како и минатото издание на натпреварувањето.

Претставникот на EBL лигата е ставен во групата А или така именуваната ” Група на смртта”, во која играат  третопласираните екипи на Франција и Шпанија, двете најјаки регионални екипи покрај Германија. Покрај шампионската академија на G2 Esports, екипата G2 Arctic која ќе ја претствавуа Шпанија , во групата исто така игра и првакот на Холаднската лига LowLandLions, додека Француската лига како и EBL се уште се играат.

Распоредот на групната плеј ин фаза за летниот EU Masters 2020 година е следниов;

Група A: G2 Arctic, EBL #2, LFL #3 (Француска), LowLandLions

Група B: Electronik Generation, eSuba, NLC#2 (Северна Европа ), Team GamerLegion

Група C: Racoon, SAMCLAN Esports Club, Sector One, BM#2 (Балтик)

Група D: BM#1 (Балтик), Interpid Fox Gaming, SINNERS Esports, 7more7 Pompa Team

Другиот носител на EBL ќе го дознаеме во сабота на 16-ти Август кога од 16 часот ќе се игра големото финале на седмата сезона на EBL во кое ќе се натпреваруваат актуелниот шампион SuppUp и CR4ZY.

 

 

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK