ESPORTS.MK

Историски успех – Австралија за прв пат во главната фаза на MSI

Историски успех – Австралија за прв пат во главната фаза на MSI
мај 11
15:40 2021

Австралискиот тим Pentanet.GG успеа да го совлада рускиот шампион Unicorns of Love во тај-брејкот за второто место во групата А, што ги направи првиот тим од овој регион што се пласираше во главната фаза на меѓународното натпреварување на LoL.

Иако сцената на австралискиот LoL регион претрпе тежок удар минатата година кога Riot ја затвори официјалната австралиска LoL лига чии играчи се приклучија на Северно Американскиот регионот, Pentanet.GG им донесе трошка надеж на навивачите со неочекуван успех на MSI 2021.

Да се потсетиме, иако OPL беше затворен, ESL го организираше LCO (League of Legends Circuit Oceania) за да и овозможи на Австралија да продолжи да има свој претставник на меѓународните натпреварувања. Pentanet.GG успеа да триумфира на првото издание на овој турнир, а како што изјавија и самите играчи во победничкото интервју на MSI, тие морале да се подготват за натпреварот исклучиво играјќи solo Q бидејќи тие се премногу далеку за да тестираат со екипи од посилните лиги.

Но, со целата неволја што им се случи на Австралија и Pentanet.GG на крајот тие имаа среќа да бидат вовлечени во група со само три тима, откако виетнамскиот претставник GAM мораше да го откаже учеството со MSI 2021 поради строгите закони за патување за време на Covid 19  пандемијата во Виетнам.

И покрај тоа, никој не очекуваше дека Pentanet.GG ќе може да се справи со Unicorns of Love, претставник на една од најуспешните Wildcard региони во историјата на меѓународните турнири.

Но, се покажа дека играчите на Pentanet.GG беа поефикасни отколку што се очекуваше, бидејќи тие успеаја да научат од своите грешки во поразите против UOL за потоа да ги победат на реваншот. На крајот од групата А, кинескиот шампион Royal Never Give Up излезе со совршен резултат од 8-0, додека Pentanet.GG и Unicorns of Love се најдоа на делба на втората позиција со резултат од 2-6.

Тај-брејкерот одлучи кој ќе оди понатаму, а во него, Pentanet.GG дојде до убедлива победа со резултат од 21-10. Особено се истакна џунглерот Jackson „Pabu“ Pavone, кој одигра 5-1-9 на Karthus и кој ја изненади публиката играјќи дури осум различни херои на девет натпревари од неговиот тим. Од друга страна, Kirill “AHaHaCiK” Skvortsov беше невидлив на 0-5-3 Kha’Zix, кој беше принуден да го игра по бановите на Pentanet.GG.

Исходот од групата Б, предводена од MAD Lions со резултат од 3:0, додека PSG Talon го држи второто место со победа над PaiN Gaming. На дното на табелата се Istanbul Wildcats кои, дури и да ги добијат сите преостанати натпревари, можат да стигнат до плејофот само доколку преостанатите резултати бидат во нивна корист.

 

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK