ESPORTS.MK

Invictus Gaming победници на ONE Esports Dota 2 Singapore Major

Invictus Gaming победници на ONE Esports Dota 2 Singapore Major
април 04
15:38 2021

Тимот од Кина со неверојатен пресврт до трофеј во првиот LAN турнир во 2021 година.

Покрај проблемите на почетокот на Singapore Major, откажување на тимови и фактот што одредени тимови мораа да играат со замени, овој турнир ни донесе одлични мечеви во Дота 2.

На самиот почеток беше изненадување што Team Nigma во Wild Card серијата, не успеа да победи ниту еден меч и беше елиминиран од турнирот. Истото се случи и со Alliance само во групната фаза. Овој тим не успеа да победи ниту еден меч и заврши на последното место на табелата, и со тоа беа елиминирани од турнирот.

Еден од најдобрите тимови на овој турнир беше Evil Geniuses, кои што се пласираа директно во плајоф серијата, и само со еден пораз стигнаа до финалето на турнирот.

Изненадување беше што Team Secret, што многумина ги сметаат за најдобриот тим во светот во моментот, беа елиминирани од турнирот со порази од PSG.LGD во горниот бараж, а подоцна и пораз од Invictus Gaming во долниот бараж.

Invictus Gaming пак го одеше потешкиот пат до финалето. Доживеаа пораз од EG во горниот бараж, и со тоа беа спуштени во долниот бараж. Но тимот од Кина, со победи над Thunder Predator, Team Secret и PSG.LGD обезбеди место во финалето на ONE Esports Dota 2 Singapore Major.

Финалето започна во полза на EG. Тимот од Северна Америка реалтивно лесно ги доби првите два меча. Abed и Arteezy ги предводеа EG до победа, со конечен скор од 9/3/9 – К/D/A за Arteezy на Leschrac, и скор од 9/0/10 – K/D/A за Abed во првиот меч, а во вториот меч главен играч беше Arteezy со конечен скор од 12/1/7 – K/D/A на Bloodseeker.

Третиот меч го наговестуваше истото, сигурна победа за EG и прво место на турнирот. Во еден момент EG имаа и 15.000 голд водство над IG, но IG е еден од најдобрите тимови во Кина и светот со причина, успеаа да направат пресврт на мечот и со тоа ја запишаа првата победа во финалето.

После ова играта беше во рацете на Invictus Gaming, направија целосен пресврт и го освоија турнирот со конечен резултат од 3-2 во изиграни мечеви.

Со оваа победа тимот на IG освои 200.000$, EG се најдоа на второто место и освоија награда од 100.000$, PSG.LGD на третото место освоија 75.000$, a Team Secret на четвртото место освоија 50.000$.

Тука заврши и првиот LAN турнир за 2021 година, а набрзо не очекува почетокот на втората DPC сезона, а сите сме во исчекувањe за најава за одржување на The Internacional 10 оваа година.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK