
Денеска разговараме со еден од ретките македонски про играчи, Стефан Шевченко кој ја игра позицијата Support во League of Legends.
– Па Стефан кажи ни за твоите почетоци во LoL ?
Па како доста играчи во Скопје, така и јас почнаво во Ентернет во 2009 година. Тогаш LoL беше во бета верзија и секој пат мораше да се симнува за да се игра. Така да во интернет кафичот бев од сабајле до навечер со моите другари. Па за почеток играв за забава и тоа траеше околу една – две години. Во 2011 година се пушти во користење Ranked Q и почнав да играм и мислам бев Gold или Silver таа сезона. Во 2012 почнав поозбилно. Тогаш немаше Master, Grandmaster, Challenger како сега и Diamond беше како највисокото ело. Веќе во третата сезона во 2013 година стигнав во Diamond. Тогаш веќе беа додадени Challenger и Master.Во сезона 4 веќе стигнав во Challenger. Низ сезоните правев трансфери од Eune и Еuw, така да имам играно на двата сервери. Во останатите сезони бев: Сезона 5, Сезона 6, Сезона 7, Сезона 8, Сезона 9 бев Master. Сезона 10 сум Grandmaster.
Исто така додека играв на EUW доста често играв против веќе познатите играчи во LoL: Rekless, Caps, Upset, Faker, Steelback, Orome, Sneaky, Hylissang, Perkz, Nukeduck, итн.
– Супер, а кажи ми како стапи во Компетитивните Води на LoL и кои беа твоите искуства и учества ?
Па првиот турнир што го играв беше во Штип, каде бев дел од тимот Hegemony како замена и го победивме. Тогаш за прв пат се запознав со дел од македонските high elo играчи. Истотака имавме играно и на Балканско првенство во Софија каде што земавме 5-то место. Имаше и првенство во Романија каде што исто така учествувавме и бевме поразени во финалето, така да освоивме 2-ро место. Тогаш играв во тимот Bontech чија организација беше под KlikTech. Истотака учествувавме на Светско во Кореа каде што завршивме 2-2 во групната фаза и за жал испаднавме. Учествував и на Vip Adria во Загреб под KlikTech каде што освоивме трето место, но за жал изгубивме 2-1 во полуфиналето ама го победивме натрпреварот за трето место.
Бевме во Косово и се натпреварувавме во S2 Лига која што ја освоивме. Ги победивме Redeg Gaming 3-0 во финалето. Секако морам да спомнам дека имам учествувано и во Fortuna (EBL лигата).
– Тоа се доста импресивни резултати. Може да ни кажеш во кои тима си бил член ?
Веќе ги кажав Hegemony и Bontech. Имам играно исто така и во :
- Reborn Espors
- EON ( Evolution online )
- Nerotech
– Одлично, се гледа дека дефинитивно го имаш задржано правиот менталитет. Кога сме кај тоа кажи ми што им препорачуваш на сите останати Support играчи како и на сите останати играчи кои имаат аспирации за про ?
Најважно нешто што треба да запаметат сите Support играчи дека тие го диктираат ритамот на лејнот. Треба да се обидат да го овозможат нивниот ADC да има добар прозорец за фармање на minions и да го попречуваат во истото противничкиот ADC играч, односно да му прави zone.
Мора да го прати противничкиот jungler и да обезбеди добар vision на мапата за да му помогне на својот тим за objectives. Исто така во mid-late game улогата на support е подеднакво важна. Тие според мене се оние играчи што го држат тимот заедно.
Поеднакво важно за сите е да разберат дека мора самите себе да се подобрат бидејќи во гејм, не може да го сменат тимот, но секогаш можат да го подобрат нивниот перформанс, како и да го држат позитивниот менталитет и игнорираат негативниот. Со тоа секако сметам дека Македонската еспорт сцена ќе успее да расте уште повеќе.
– Кога сме веќе кај тоа, покрај напорот и активностите што веќе се вложени, дали може да ни кажеш твое мислење за тоа како уште може да се придонесе за развојот на еспортот во нашата земја ?
Мислам дека во нашата земја не е довлно објаснето за еспорт. Мора да се објасни, да се запознаат родителите и младите, посебно родителите за дека со eспортот може да се обезбеди сосема стабилна кариера. Нормално како секоја област за работа во светот и оваа не е лесна. Треба да се обезбеди поддршката од родителите за нивните деца кои се заинтересирани за иднина во Е-спортот. Е-спортот еволуира секој ден и се повеќе и повеќе се овозможуваат поголеми шанси за просперитетна кариера во него.
– Одлично и сега за крај да те прашам, кој мислиш ќе победи на Worlds 2020 ?
Од тоа што моментално го имам видено, јас мислам дека TES оваа година ќе го земат.