ESPORTS.MK

Интервју со Јован “kalaN” Каланоски

© HLTV.ORG

Интервју со Јован “kalaN” Каланоски
декември 25
15:17 2020

Денес со нас го имаме единствениот и незаменливиот тим лидер, главен снајпер и голем борец за еспортот во нашава држава, kalaN. Јован Каланоски е еден од основачите на најтрофејниот и најголемиот еспорт тим во Македонија, ENTiTY. Уживајте во интервјуто.

Кога и како за прв пат беше запознаен со кантер и воопшто со гејмингот?

  • Кога… Пред едно 17-18 години, 2003та година, моја прва година на факултет во Бугарија. Прв пат се сретнавме јас и Counter-Strike 1.5 тогаш, и беше можам да кажам љубов на прв поглед.

Како започна проектот “ENTiTY”? Од идеја па се до реализирање.

  • После 5 години активно играње и напреварување по турнири во Бугарија, во Охрид започна проектот ENTiTY. Од искуството кое го стекнав во Бугарија донесов интересни идеи и начини како да успееме во оваа игра. Можам да кажам дека со мнооооогу тренинзи, многу упортност, многу неспиени ноќи, подбирање на правилен состав, промена на многу играчи и слично, успеавме да направиме многу резултати.

Кои се твоите најголеми успеси како професионален играч на регионално и интернационално ниво?

  • Најголеми успеси… Дефинитивно секој еден освоен турнир сме го доживувале со максимално задоволство. Квалификациите за WCG во Скопје 2010 и 2011 година беа едни од најдобрите натпревари некогаш организирани кај нас. Секако најголем успех беше првото место во групите на Светското Првенство во Јужна Кореја и солидната игра во елиминаци. Имаме освоено преку четириесет турнири во Македонија, Србија, Албанија, Грција, Косово, Бугарија и сите ми биле драги и се сеќавам на секој еден од нив.

Кој македонски еспорт настан ти има оставено најголем впечаток?

  • Македонски еспорт настан? Дефинитивно квалификациите за World Cyber Games 2011 година одржани во салата Борис Трајковски со пријавени над 70 екипи од цела Македонија.

Што би сменил да можеш да се вратиш 10 години назад?

  • Би ја основал гејминг академијата за која што јас и Helius имавме направено целосен план и подготовка, место каде што ќе се тренира, учи, надоградува, образува гејмерски. Место каде што требаше да се создаваат светски шампиони… Сепак ние не ја остваривме таа цел и жал ми е поради тоа. Би биле многу понапред во еспортот доколку имавме такво нешто кај нас. Од тип на резултати и постигнувања не жалам за ништо. Секаде одигравме со високо подигнати глави, машки, и на сите светски сили во еспортот им покажавме дека можеме и ние во Македонија.

Дали сеуште си активен во еспорт сцената? Ако си, во кои проекти си инволвиран?

  • Активен како играч секако дека не, дека играм игри со пријатели кои сум ги стекнал низ сите овие години, да и тоа Counter-Strike и PUBG. Единствен проект во кој сум инволвиран заедно со сите основачи на Македонската Еспорт Федерација е признавањето на еспортот како официјален спорт во Македонија и промовирање на истиот надвор низ светот.

Дали може да се живее од еспорт?

  • Кога игравме ние, не дефинитивно. Платите беа многу ниски дури и во најдобрите тимови. Тоа полека се смена, моментално правилното место за вложување и трошење на своето време е еспортот секако доколку поседувате талент за гејминг.

Што имаш да им пренесеш на сите читатели на ESPORTS.MK и на нашите идни професионални играчи и тимови?

  • Бидете упорни, ќе успеете! Ние сонувавме да играме на светски настани и успеавме. Со упорност, со многу тренинг, многу влог, многу жртви од цела наша екипа. Држете се заедно и помагајте си. Нема конкуренти во овој спорт, има само посилни према кој се стремиш да ги стигниш и има послаби од кои секогаш се трудиш да си чекор понапред и да не те достигнат. Counter-Strike особено е тимска игра, почитувајте се едни со други и помагајте си! Фала ти Helius, фала ти NENO, фала ти CIA, Фала ти kIRIL, фала ти OSAMA, фала ти RDN, ALMIGHTY, ERROR, фала ти DREADON, фала ти N1GHTMARE, фала ти Shakal, Sak1, rashe, фала ти ТОТО, фала ти Jajcar за сите овие години кои што никогаш нема да ги заборавам.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK