ESPORTS.MK

Интервју со Јане „aidKiT“ Апостолоски од AIRLYA и македонски репрезентативец

Интервју со Јане „aidKiT“ Апостолоски од AIRLYA и македонски репрезентативец
август 29
21:37 2021

После одличната игра на Европскиот Куп на Нации, седнавме со Јане „aidKiT“ Апостолоски и поразговаравме за нивниот настап на европското првенство и секако за иднината на оваа наша репрезентација.

Пред се, би сакале да ви честитаме за освојувањето на Европскиот Куп на Нации, го постигнавте најголемиот успех можеби во македонскиот е-спорт, дали на почетокот очекувавте дека овој тим е спремен да оствари вакво достигнување?

  • Верувавме со самиот влез во турнирот. Амбициите ни беа преголеми, но игравме меч за меч, победа за победа. Без прекумерно размислување за време на турнирот.

Дали почуствувавте некаков притисок во одреден момент додека траеше турнирот?

  • Во ниеден момент немаше притисок и кохезија во тимот. Турнирот го одигравме многу професионално и мислам дека покажавме високо ниво.

Какви се впечатоците после освојувањето на Европскиот Куп на Нации?

  • Чувството е преубаво да си шампион каде играш за својот тим и во исто време ја претставуваш својата држава. Сакаме да се заблагодариме на сите кои учествуваа во било каков вид давање поддршка на овој тим.

Каква е моменталната атмосфера и хемија во тимот?

  • Атмосферата е одлична, сеуште е тема на муабет освојувањето на овој турнир, но полека почнуваме да се фокусираме на наредните.

Како дојде до идејата и како се оформи овој тим кој ги брани боите на Македонија?

  • Овој тим е составен од 4 играчи кои веќе напорно тренираат повеќе од 6 месеци, додека пак Cryveng е нешто ново за Македонската сцена кој е неодамна внесен во нашиот тим.

Дали тимот се базира на индивидуални игри или пак напорна работа и тимска игра?

  • Ми се допаѓа ова прашање затоа што самото тоа го соджи и одговорот. Тим претставува заедничка работа за полесно совладување на противникот или задачата. Вложуваме голем труд за да успееме на светската сцена, и се надеваме дека тоа ќе се случи што побрзо.

Кој е рецептот за да може еден тим да го постигне она што вие го постигнавте?

  • Напорна работа, победнички дух и сплотеност во тимот.

Како што знаеме, не очекува Светско Првенство. Какви се вашите очекувања и дали мислите дека можете да го повторите овој успех и на Светското Првенство?

  • Се надеваме на ист успех, освојување на првото место. Преубаво е чувството да се претставува Македонија на Светско првенство. Но да бидеме реални, сеуште е рано за било какви амбиции и очекувања.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ