
Денес со нас го имаме Александар Павловиќ Таци или познат како PTA во златните денови на Counter Strike 1.6. PTA e еден од најуспешните македонски професионални еспорт играчи кои со Simplex успеа да учествува на неколку светски турнири.
Simplex беше убедливо најдобар во 1.6 на македонската сцена и се состоеше од Pta, Una, Neco, CIA, Duffy и Zero. Simplex во тоа време успеа да ги представува боите на Македонија со противници како Кина, Јужна Кореа, и на клубско ниво со противници како SK Gaming, Pentagram,Fnatic, NiP, Dignitas, mibr, Virtus Pro, Evil Geniuses, mousesports и играчи како f0rest, Edward, HeatoN, SpawN и многу други.
Постарите љубители на Counter Strike 1.6 ќе се сеќаваат колку беа добри Simplex.
Simplex во Monza 2006 година, PTA 4-ти од лево
Да започнеме со прашањата.
Како започна твојата љубов кон видео игрите и како сфати дека си добар во Кантер?
- Се сеќавам на 5-6 години во царството на игрите кое се одржуваше на А1 телевизија на натпреварување со нинтендо, мислам мојата љубов кон видео игрите започна од тогаш. Подоцна почнав со видео игри на PC 386 и тогаш станав многу компетитивен и желбата за видео игри се продлабочи, продолжив со Star Craft, Half-Life кои ги играв по цели денови. Кантер ја почнав со првата верзија и прво нешто што ми се допадна е тоа што беше тимска игра. Бидејќи живеев во Лисиче, имаме компјутерници на секој ќош, се играште кантер по цел ден, започнавме со турнири и тука ми влезе чивијата :).
Кои беа твоите први чекори во кантер про сцената?
- Започнав со локални турнири и тимови кои се состоеа од другари, почнавме и да победуваме често. Мојот прв посериозен тим беше е-on, а мојата кариера ја завшив со Simplex.
Кои се твоите најголеми успеси како професионален кантер играч?
- Најголем успех беше со Simplex, бевме непоразени во Македонија три и пол години, се квалификувавме на три светски првенства и освојувавме многу локални турнири. Најбитно нешто од сето тоа беше тоа што научив како е да се работи како тим и колку е важно да си тимски играч.
Како изгледаше гејминг сцената во Македонија во тоа време?
- Најпрво не беше толку развиено, се играше од компјутерници и одевме од населба во населба за да можеме да учествуваме на тие локални турнири, но полека почна да оживува сцената со тоа што се отворија големите компјутерници како Insomnia и Enternet. Имаше голема дружба, се одржуваа голем број на турнири и лиги.
На кои глобални турнири учествуваше со Simplex?
- Со Simplex учестував на три светски турнири, првиот беше во 2006 во Монца, потоа следеше ESWC во Paris и 2007 година учестувавме на WCG во Seattle.
Кога и зашто престана да играш професионално Кантер?
- Искраено, мислам дека ми дојдоа годините после WCG 2007 во Seattle, тогаш сфатив дека сакам да го променам начинот на живот. Од тогаш немам воопшто уклучено кантер, страв ми е дека ако ја уклучам нема да престанам повторно со играње.
Што се случува сега во животот на PTA?
- Сега сум татко и живеам во Малта, видео игри веќе не се дел од мојот живот, слободното време што го наоѓам свирам на гитара. Моментално работам како SEO за great.com тоа е Online Casino Affiliate каде што 100% од профитот го даваме во добротворни цели за спречување на климатските промени. Исто така и сум ко-сопственик на startup кој е во сверата на Оnline Casinos.