ESPORTS.MK

IESF ја објави својата глобална програма за 2021 година

IESF ја објави својата глобална програма за 2021 година
февруари 18
17:02 2021

Интернационалната Еспорт Федерација, во која член е Македонската Еспорт Федерација, го објави својот распоред на глобални настани за 2021 година каде што ја сочинуваат пет значајни програмски категории со повеќе настани низ текот на годината за да се обедини и подобри глобалниот еспорт екосистем.

Покрај годишното глобално еспорт натпреварувње на IESF, Светското Еспорт Првенство, каде учество земаат национални тимови и играчи што ги претставуваат своите земји, од оваа година се планира да се воведат и регионални еспорт натпреварувања како и ново лансираната World Super League.

Покрај овие компетативни настани, годишната професионална конференција, The Global Esport Exectutive Summit (GEES) ќе се оддржи по шести пат оваа година. GEES ги собира на едно место сите важни играчи во еспортот и создава средина за дискусија, едукација и акција за глобален еспорт развиток.

За да се поддржи забрзаниот развој на глобалниот еспорт, IESF ќе ги отпочне своите интернационални R&D (истражување и развој) програми за да го зајакне екосистемот и да обезбеди оддржлив раст.

Нивниот календар на настани за 2021 година изгледа вака:

Интернационалната Еспорт Федерација (IESF) е основана на 8. август 2008 година од девет еспорт федерации на змјите Данска, Јужна Кореја, Германија, Австрија, Белгија, Холандија, Швајцарија, Виетнам и Тајван, а своето прво генерално собраније го има оддржано истата година. Една година подоцна, на 12. декември IESF веќе почна со оддржување на интернационалните натпревари, почнувајќи го „IESF Challenge“ уште во 2009 година, следено со „IESF Grand Finals“ во 2010 година и Светското Еспорт Првенство во 2011 година кое што се оддржува се до денес, а Македонија е секако дел од натпреварувањата. Мисијата на IESF е да го подобри еспортот на глобално ниво. Ова се прави со заеднички напори со националните федерации-членки ширум светот. IESF работи за свет каде еспорт атлетите ќе можат да се натпреваруваат на исто ниво и со истата поддршка како атлетите од традиционалните спортови. Моментално бројот на земји членки на IESF изнесува 98 држави.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK