ESPORTS.MK

IEM Katowice 2020 трет ден

IEM Katowice 2020 трет ден
февруари 27
21:13 2020

Како први мечеви од третиот ден ги имавме мечевите од Lower Bracket-от каде што беа испратени губетниците од првиот односно вториот ден. 

Елиминациони мечеви

Во воведните серии на третиот ден четири екипи се бореа во Lower Bracket-от на групата Б за правото да останат во Katowice. Меѓу двете серии на отворање беше соочувањето помеѓу Virtus.pro и MAD Lions.

Додека Данците покажаа спектакуларни резултати од пред некое време, истото не можеме да го кажеме за казахстанскиот квинтет на кои очајно им требаше подобрување во формата по подолгата низа на неуспеси.

Вето-то беше следново: Со првиот пик Данците ја избраа Overpass, потоа го имавме пикот на Virtus.Pro, тие го искористија и ја одбраа најновата мапа од компетативниот мап пул односно Vertigo а како одлучувачка мапа беше оставена легендарната Dust2.

На првата мапа имавме многу блиска игра и буквално нијанси го одлучија победникот на истата и Лавовите го освоија својот пик со резултат од 16-14. За оваа мапа можеме да го издвоиме перформансот на еден од најмладите играчи во тимот односно Rasmus ‘sjuush‘ Beck кој првата мапа ја заврши со K-D(25-20) и близу перфектен ADR(99).

слика од Rasmus ‘sjuush‘ Beck

Потоа го имавме пикот на казахстанските играчи со скромен резултат од 16-7 каде што немаше клучен играч на мапата односно тимската работа беше распределан низ целиот тим и сите под еднакво допринесоа за победата.

И со ова можеме да заклучиме дека и двете екипи ги победија своите мап пикови и дека нивниот опстанок на турнир беше сведен на резултатот од последната мапа-Dust2.

Во третата и финална мапа целата акција се одвиваше спонтано и се разменуваа рунда за рунда. Првиот халф односно половина заврши во корист на Данците од 10-5, но набргу ги стигнаа хаосните рунди и мапата набргу стана неизвесна но на крај победнички излегнаа Лавовите односно MAD Lions. Овој пораз значеше елиминација за казахстанската екипа, и уште еден нивен катастрофален настап.

моментот пред победа на MAD Lions

Како втора серија на денот ги имавме Австралијците 100Thieves против кинескиот TYLOO.

Со првиот пик кинезите ја избраа нивната омилена мапа односно Inferno како што потенциравме во recap-от од првиот ден. А пак 100Thieves ја избраа нивната втора најиграна мапа – Vertigo, а како решавачка мапа беше оставена Mirage.

На првата мапа каде што кинезите започнаа на Т-side тие имаа солидна офанзива односно го завршија халф-от во нивна минимална корист од 8-7, но потоа имавме фантастично враќање од страна на 100Thieves кои направија серија од 9-1 рунди и ги победија кинезите со краен резултат од 16-9.

Втората мапа односно Vertigo беше прилично еднострана иако TYLOO на крајот имаа повеќе рунди отколку на својот мап пик мечот во целина беше едностран и целосно предводен од страна на Австралијците.

Во оваа серија најистакнат беше 19тиот најдобар играч за 2019та година односно Justin ‘jks’ Savage кој направи едно скромно K-D(44-25).

Слободно можеме да потврдиме дека Австралијците на еден начин се разбудија и ја потврдија улогата на фаворит.

Слика од #19 играч во светот 2019 – Justin ‘jks’ Savage

Како трет елиминационен меч на денот ги имавме Natus Vincere vs Ninjas in Pyjamas(NiP). Во овој меч избраните мапи беа: Mirage избрана од шведската страна, Train од страна на Na’Vi а како одлучувачка беше мапата Nuke.

Швеѓаните на првата мапа беа тотално демолирани од страна на Na’Vi која заврши со резултат од 16-3 и каде што индивидуалците од руско-украинската екипа беа сите во форма и не ги пропуштаа нивните шанси.

Руско-украинската екипа продолжи и со истото темпо и на нивниот мап пик од Train и набргу дојдоа до скор од 3-0, се додека IGL-от на нинџите Lekr0 не ги сопре на А сајт-от неколку консекутивни рунди. Но тој успех беше кратко доживеан и првиот халф заврши во корист на Na’Vi со 9-6 резултат. При што тие и набргу ја завршија целата серија со победа од 16-10,  и ги елиминираа швеѓаните од историскиот турнир.

Фантастичен како и секогаш беше и според мое мислење најдобриот играч на светот и секако дека станува збор за s1mple кој самостајно ги доминираше на двете мапи нинџите со K-D(46-20).

s1mple – вистинскиот најдобар играч

Како последен елиминационен меч на денот ги имавме фантастичните Faze против францускиот супертим Vitality.

Овде акцијата беше не прекината како што започнаа на првата мапата таа се пренесе  и на преостанатите.

Избраните мапи од страна на тимовите беа: Mirage – пикната од страна на Faze , Nuke – пикната од страна на Vitality  и како одлучувачка мапа беше оставена Inferno.

Првата мапа не држеше на врвот од нашите прсти односно тимовите разменуваа рунда за рунда, францускио супертим имаа 3 шанси за да ја затворат мапата и тоа го успеаа дури на последната каде што Faze ја прокоцкаа нивната шанса во retake-от 2v3 кој беше во нивна корист, и заврши со 16-14 во корист на Vitality.

На оваа мапа фантастичен ZywoO не можеше да промаши и имаше K-D(32-16) и фантастичен ADR(120).

Потоа на еден начин имавме еднострана но интересна и блиска игра на втората мапа каде што европскиот микс на играчи успеаа да го земат пикот на нивниот противник односно Nuke со резултат од 16-11.

На одлучувачката мапа Inferno борбата беше помеѓу најмладите играчи во тимот односно ZywoO и респективно broky после фантастична прва половина од страна на Faze од 10-5 на T-side тие откако се префрлија на CT по неколку минимални грешки и тајмаути успешно ги срушија соновите на французите, и ја затворија мапата со резултат од 16-10.

Иако фантастичниот самостаен напор од страна на ZywoO кој заврши со K-D(72-47) и скоро перфектен ADR(97.2) низ целата серија.

Атмосферата после победата на Faze

Мечевите од Upper Bracket-от

Како прв од овие ги имавме G2 vs Mousesports а како втор меч од тој тип беше северноамериканското дерби на Liquid vs Evil Geniuses.

Првиот меч од овој тип односно G2 vs Mousesports. Одберените мапи беа следните: Dust2 од страна на французите , потоа Inferno од страна на Mousesports и како одлучувачка беше Nuke.

На првата мапа имавме фантастично шоу приредено од двата тима каде што првиот халф заврши 12-3 во корист на G2 , но одма потоа имавме едно неверојатно враќање од страна на Mouz и тие успеаа дури со само една изгубена рунда да се вратат и да ја освојат мапата со резултат од 16-13. За ова враќање клучен играч беше турскиот снајпер од Mouz односно woxic кој на крајот од мапата постави K-D(27-14).

тимот на Mousesports после победата на Dust2

За втора мапа ја имавме Inferno која беше мап пикот на Mousesports но нивните обиди и од T-side и CT-side беа успешно стопирани од француско-српските играчи и оваа мапа беше завршена прилично брзо во корист на G2 со резултат од 16-6.

Надежта за победа на Mousesports беше се помала и помала како што одевме подлабоко во серијата. На третата мапа односно Nuke, G2 имаа одличен прв халф како терористи и пренесоа дури 9 импресивни рунди во вториот халф каде што успеаа со губење на само една рунда да ја освојат мапата со резултат од 16-7, воедно и серијата со 2-1 во нивна корист.

Тие на еден начин ја искористија нивната моќ со вракањето во првата мапа а на преостанатите две мапи не покажаа ништо посебно. Со оваа победа на G2 ќе играат

Фантастично шоу приредено од тимот на српскиот IGL nexa

И во второто дерби ги имавме двете северноамерикански екипи Liquid vs EG.

Мапите беа следните: Overpass пикната од Liquid, Nuke од Evil Geniuses и како решавачка пак беше Inferno.

На Overpass, Liquid успешно ја отворија серијата со освојување на 9 рунди како T-side и откако се сменија страните процедурата беше еднострана и брза. Заврши со резултат 16-7 во корист на Liquid.

Потоа го имавме пикот на EG односно Nuke, овде во оваа мапа рундите беа блиски и двата тима ги делеа минимални нијанси па и помалку среќа во некоја рунда, но на крај клучниот дует на играчи односно Brehze и CeRq за EG успеаја да ја освојат мапата во продолжетоци односно 19-15.

Слика од  Russel ‘Twistzz’ Van Dulken

Третата и одлучувачка мапа беше Inferno на почетокот рундите беа блиски и имавме дури и повеќе кратно изедначување на резултатот но Liquid успеа да направи една мини серија од рунди и првиот халф да го земат во нивна корист од 9-6. Тие откако заминаа на CT-side без некои големи потешкотии успеаа да ги загушат сите обиди на EG со што финалниот резултат беше 16-10 во корист на Liquid.

Ова беше нашиот recap на третиот ден на IEM Katowice се надеваме дека ви се допадна, и очекувајте целосно покривање на историскиот евент од страна на нашот тим.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK