ESPORTS.MK

IEM Katowice 2021 Playoff

IEM Katowice 2021 Playoff
февруари 22
14:18 2021

Најголемиот CS:GO турнир досега за 2021 година стигна до плејоф фазата која ќе започне на 26-ти февруари.

Групната фаза која траеше четири дена заврши во неделата, а Team Liquid и Team Spirit ги обезбедија првите места во полуфиналето откако тие завшрија први во нивните групи.

Првата рунда од плејоф-от, со учество на второпласираните и третопласираните, ќе започне со дербито помеѓу Natus Vincere и Gambit. Двата тима последно се имаат соочено во четвртфиналето на IEM New York пред четири месеци. Победникот од овој натпревар ќе се судри со Team Spirit.

Подоцна истиот ден, Astralis и Virtus.pro ќе се соочат и ќе имаат реванш од големото финале на StarLadder Major каде што тимот на Virtus.pro играше под организацијата AVANGAR. Победникот од тој натпревар ќе се сретне со Team liquid.

Во случај Team liquid да се соочи со Astralis тие ќе имаат шанса конечно да ја прекинат серијата од девет порази против Данците.

Во продолжение ќе можете да го најдете целиот распоред на натпревари за плејоф-от и резултати од групната фаза.

Резултати од групната фаза:

Плејоф фаза

Петок, 26 Февруари

Natus Vincere против Gambit – 15:00 часот (BO3)
Astralis против Virtus.pro – 18:30 часот (BO3)

Сабота, 27 Февруари

Team Spirit против Natus Vincere/Gambit – 15:00 часот (BO3)
Team Liquid vs. Astralis/Virtus.pro – 18:30 часот (BO3)

Недела, 28 Февруари

15:00 ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ (BO5)

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK