ESPORTS.MK

Heroic победи на ESL Pro League Season 13

Heroic победи на ESL Pro League Season 13
април 12
10:49 2021

Повеќе од еден месец натпреварување во ESL Pro League Season 13 заврши со финалето помеѓу Heroic и Gambit Esports.

Не само што Heroic го освоија настанот, него тие го освоија на спектакуларен начин каде што cadiaN ја доби последната рунда играјќи сам против четворица противници.

Heroic го започнаа ова финале преку победа 19-17 на овертајм на Inferno, пред да ја загубат Vertigo со вкупен резултат од 16-3. Вториот овертајм на овој меч, беше на Train каде што Heroic успеа да го добие резултатот од 28-26. Четвртата мапа беше Overpass и таму Gambit Esports беа сигурни па така стигнаја до победа од 16-10. Петтата и последна мапа беше Mirage и завшри со вкупен резултат од 16-6 за Heroic.

Casper “cadiaN” Moller од Heroic, во серијата од 5 мапи имаше вкупно 116 убиства а Dmitry “sh1ro” Sokolov од Gambit Esports имаше 122 убиства.

Heroic освои 200,000 долари од 750,000 долари наградниот фонд плус 1,300 Pro Tour поени.

ESL Pro League Season 13 пласмани и освоени награди:

ПозицијаИме на тимНаграда
1Heroic200,000$
2Gambit Esports85,000$
3-4Ninjas in Pyjamas50,000$
3-4Furia Esports45,000$
5-6Astralis35,000$
5-6Complexity Gaming30,000$
7-8G2 Esports27,500$
7-8Virtus.pro27,500$
9-12Team Liquid30,000$
9-12FunPlus Phoenix25,000$
9-12Natus Vincere25,000$
9-12ENCE25,000$
13-16OG17,000$
13-16Team Vitality17,000$
13-16MIBR17,000$
13-16Endpoint17,000$
17-20FaZe Clan15,000$
17-20Cloud910,000$
17-20Renegades10,000$
17-20Fnatic10,000$
21-24BIG8,000$
21-24mousesports8,000$
21-24Evil Geniuses3,000$
21-24Team One3,000$

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK