ESPORTS.MK

Guild Esports го освои нивниот прв Европски Шампионат

Guild Esports го освои нивниот прв Европски Шампионат
март 16
12:37 2021

Guild Esports, организацијата и брендот во кој David Beckham е ко-сопственик, објави дека тие го освоиле првиот major трофеј откако четири нивни играчи се пласираа на првото, второто и осмото место на престижниот настан Fortnite Champion Series European Grand Finals.

Henrik “Hen” Mclean го освои првото место како дел од three-man squad; Nikolaj “Flikk” Andreas Frøslev и Anas “Anas” El-Abd го освоија второто место како дел од друг three-man squad; и Tai “TaySon” Starčič го обезбеди осмото место на FNCS.

Сите четири играчи на Guild Esports завршија во најдобрите десет и со тоа се закитија со Европски трофеј и вкупна парична награда од 260,000 долари.

За само неколку месеци, Guild докажа дека е веродостојна нова сила во светот на еспортот. Нашиот Fortnite тим беше брилијантен во текот на FNCS турнирот и излезе како најдобро рангиран состав во Европа, што е извондредно достигнување.

– Изјави Carleton Curtis, Извршниот директор на Guild Esports.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK