ESPORTS.MK

Good Game со нов состав

Good Game со нов состав
февруари 16
20:13 2021

Нашиот најдобар тим после една година активно играње на регионалната сцена се одлучи да направи измени во досегашниот состав.

KiKO и JasmiN го напуштија составот на Good Game и на нивно место дојдоа Даниел “dan1” Глигоров и Павле “stYleEeZ” Стојановски. Dan1 е добро познат на нашата јавност со неговиот настап на CEE Champions со поранешниот тим, GODZ1337, а пак stYleEeZ во неколку наврати има играно за Good Game како нивни шести играч.

Пред се морам да им се заблагодарам на KiKO и JasmiN за досегашната дружба и соработка. Со новиот тим очекуваме да стигнеме конечно до посакуваниот трофеј на A1 Adria League сезона 7 и да се пласираме во плејоф-от на ESEA Main.

– Изјави Јане “aidKiT” Апостолоски.

Dan1 и stYleEeZ ќе дебитираат утре на ESEA Main во 19:00 часот против екипата на UNITY Esports а видео пренос ќе има на следниов ЛИНК.

Новиот состав на Good Game изгледа вака:

Јане “aidKiT” Апостолоски
Дамјан “kyxsan” Стоилковски
Валентин “powerdy” Дурацоски
Даниел “dan1” Глигоров
Павле “stYleEeZ” Стојановски

Извор: ADRIA.GG

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK