ESPORTS.MK

Good Game и SEL.INV се наши претставници на Khamsa International

Good Game и SEL.INV се наши претставници на Khamsa International
март 20
16:00 2021

На 27 март започнува меѓународниот турнир во CS:GO, “Khamsa”, каде што нашите бои ќе ги бранат Selected Invaders и Good Game.

На овој меѓународен настан Македонската Еспорт Федерација ги испрати нашите најдобри две екипи за да се борат за наградниот фонд од 5,000 долари. Покрај С. Македонија, учество земаат и Азербејџан, Белорусија, Грузија, Словачка, Полска и Унгарија.

Главното лице на Gaming League Azerbaijan, Адил Макмудов за новинарите изјави:

2021 во нашата земја беше посветена на поетот Низами Ганџави, односно ја нарековме “Годината на Низами“, во негова чест. Поради тоа одлучивме турнирот да го носи името “Khamsa” во чест на големата петка на поетот Низами Ганџави.
Ние веруваме дека турнирот “Khamsa” ќе биде проследен со огромен интерес, ќе го сврти вниманието на бесмртната креативност на Низими Ганјави во останатите земји кои ќе се дел од настанот и ќе придонесе за “Година на Низами” во нашата држава.
Им посакувам успех на сите учесници. Денешната младина е се повеќе заинтересирана за онлајн натрепварувања, посебно во време на пандемија и затоа ние ќе продолжиме да работиме на што можно побрз развој на еспортот во нашата земја.

Настанот е организиран од Gaming League Azerbaijan и Azerbaijan Cybersport Federation со поддршка од Министерството за млади и спорт на Азербејџан и Министерство за Транспорт, врски и технологии.

Наши претставници на овој турнир се:

Selected Invaders

  • Даниел “hayrediN” Хајредин
  • Ангел “orion1z” Трпески
  • Константин “koki” Андреевски
  • Јасмин “JasmiNhs” Муриќ
  • Кристијан “KiKOtb” Стојмановски

Good Game

  • Јане “aidKiT” Апостолоски
  • Дамјан “kyxsan” Стоилковски
  • Валентин “powerdy” Дурацоски
  • Даниел “dan1” Глигоров
  • Павле “stYleEeZ” Стојановски

Распоред на натпревари:

28.03.2021

Selected Invaders против Karabakh Horses – 16:00 часот на GLAHUB

30.03.2021

Good Game против Marlian eSports – 16:00 часот на GLAHUB

Им посакуваме успех на нашите претставници.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK