ESPORTS.MK

Good Game и Godz1337 се новите репрезентативни тимови во CSGO за Македонија

Good Game и Godz1337 се новите репрезентативни тимови во CSGO за Македонија
септември 21
20:53 2020

Минатиот викенд беше доста бурен за македонската CSGO сцена. На квалификациите оддржани од страна на Еспортс.мк и Македонската Еспорт Федерација во соработка со Intel и Red Bull кои траеја два дена и се играа во два дела, тимвоите на Good Game и Godz1337 се покажаа како навистина најдоброто што Македонија може да го има за оваа сезона.

Националните квалификации на Македонија за CEE Championship натпреварот видоа доста акција. На овој целосно онлајн турнир, првиот ден од вкупно 24 пријавени тима како најдобар се покажа тимот на Good Game каде поведоа победа над Dream Team 92 во финалниот меч. Како втор победник се впиша тимот на Godz1337 кои беа непредизвикани на својот пат до осовојувањето на овие квалификации. Тие за свој противник ги имаа babu6i во финалето, а вкупно беа пријавени 17 тима за овој дел од квалификациите.

Овие два тима продолжуваат понатаму во наредната фаза од CEE Championship каде што е предвидено најдобрите два тима од секоја од нациите кои имаат право да учествуваат. Од сите пријавени тимови на овие земји, најдобрите осум ќе продолжат во финалниот плејоф и ќе се борат за вредниот фонд од 15.000 долари односно 7.500 долари награда за првопласираниот тим. Оваа фаза ќе започне на 10. октомрви и ќе е целосно онлајн, исто како и досега.

Преносот од македонските квалификации се пренесуваше во целост на нашиот твич канал twitch.tv/esportsmk и секако оние кои беа дел од него имаа шанса да бидат дел од гивавејот на Red Bull и имаа шанса да добијат награда.

Останува да го следиме прогресот на нашите два тима и да навиваме за нив бидејќи навистина имаат што да понудат на гледачите, а што да одземат од противниците. Честитки дечки, се гледаме за две недели!

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK